„Ваквиот договор се потпишува за да биде ставен Ад акта да гледаме напред, да ги затвориме отворените прашања, да се радуваме на заедничката европска иднина која што претстои пред двете земји“. Вака премиерот Заев одговори на новинарско прашање на вчерашната прес-конференција во врска со договорот што треба да биде потпишан со Бугарија.
Со ваквиот одговор Зоран Заев повторно во очи лаже целата македонска јавност, бидејќи договорот со официјална Софија што треба да се потпише на 2-ри август на најголемиот македонски празник во никој случај не може да биде „Ад-акта“ (завршено, вон сила). Зошто? Од проста причина што токму договорот произведува заеднички обврски помеѓу двете страни, односно во случајов помеѓу Македонија и Бугарија. Значи не што не е ад-акта, туку тотално спротивно – стапува на сила.
-Заев треба да знае дека кога се преминува во фаза на договор, договорот е правно обрзувачки и билатерално и меѓународно и треба многу да се биде внимателен што се потпишува. Во овој договор од она што можеше да го слушне јавноста се предвидуваат многу повеќе права за Република Бугарија како страна во овој договор, а многу повеќе ограничувања, рестрикции и обврски за Република Македонија како страна во овој договор. Потпишувањето на овој договор ќе има големи последици кои можеби нема да бидат видливи моментално туку тоа ќе се одрази за три, четири па и петнаесет години по неговото потпишување, велат експертите кои ги консултиравме.
Слична загриженост сподели и Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него постојат неколку спорни одредби од договорот кој беше презентиран пред пратениците на затворена седница за јавноста: дали македонскиот народ како конститутитвен народ во Република Македонија ќе биде споменат или нема да биде споменат во договорт, дали македонскиот јазик ќе си има своја посебност која е независна од Уставот на Республика Македонија, дали државата ќе се откаже од уставната одредба да се грижи за Македонците надвор од држвата, дали ќе се корегира забележителната асиметрија на правата и обврските на двете договорни страни во договорот и конечно последната забелешка се однесуваше на фразата „заедничка историја“ при што пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека би било многу подобро да се користи една поширока фраза каде што ќе бидат истакнати и дел од заедничката и дел посебните истории на Македонија и Бугарија и на македонскиот и на бугарскиот народ. Без ваква временска детерминанта, потенцијалните проблеми во иднина не се малку.
Многу експерти и историчари предупредуваат на штетните последици кои што можат да произлезат од договорот за славење на „заеднчка историја“. Историчарот Никока Жежов вели дека е неприфатливо за Република Македонија, бидејќи задира во македонските државни и национални интереси, задира во идентитетот, задира во суштината на македонскиот јазик и македонската историја. Според Жежов со ваквото славење ќе се исечат корените на македонскиот идентитет и тогаш ќе излезе дека Македонците ја признаваат тезата дека се настанати како вештачка нација.
–Македонскиот народ и бугарскиот се два различни народи, имаат сличности во одредени делови, но тие се различни и не можеме да зборуваме за заедничка историја за време на Илинденското востание, за време на Втората светска војна, што ќе славиме ние кога во Втората светска војна поголемиот дел од Македонија била под бугарска окупација. Ниту еден Бугарски војник не дојде во Македонија да помогне околу Илинденското востание, вели Жежов
ВМРО-ДПМЕ веќе јавно кажаа и апелираа дека очекуваат Министерството за надворешни работи и Владата на република Македонија, овие препораки и забелешки да ги вградат во нацрт текстот кој го презентирал Заев на затворената седница со оглед дека договорот не е конечен и дека има можност за подоброување.
Цениме дека следниот период Владата треба наместо да брза и да брка датум за потпишување на македонско-бугарскиот договор, треба да брза и да постигнува подобар квалитет на текстот за постигнување на еден взаемен договор кој што ќе значи и взаемна почит на двата народа и взаемно признавање на двете држави, на двете култури и взаемна соработка за перспективата на Македонија и Бугарија како соседи вели Милошоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ појаснуваат дека овие препораки треба да бидат вградени во дел од текстот и со тоа ќе го унапредат како содржина, а со самото тоа ќе биде и поповолна за Република Македонија Оттаму потенцираат дека како пратеници од Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе дадат поддршка за договор во кој што ќе се спомене македонскиот народ, ќе се потврди македонскиот јазик , ќе има симетрични обврски и за Македонија и за Бугарија и ќе има јасна дистинкција помеѓу делот на заедничката и делот на посебната историја.
Со ваквиот одговор Зоран Заев повторно во очи ла