Соопштение на руското МНР на Департманот за информации и печат во врска со големоалбанската закана за стабилноста на Балканот

Со посебна загриженост ги примивме неодамнешните изјави на различните албански политичари кои се однесуваа на прекројувањето на границите на Балканот.Констатираме дека користејќи ги гласните обвиненија дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во ЈИЕ се превземаат мерки за реализација на големоалбанскиот проект, сега со потпора врз Уставот на Албанија, кој и дава право на Тирана да ги штити интересите на Албанците во странство.
Под прикритие на лицемерните разговори за стаблизација на регионот под чадорот на НАТО, се случува демонтирање на основите на стабилноста, земен е курс кон прекројување на балканските граници, кој драстично го зголемува степенот на конфликтниот потенцијал.
Имено во тој контекст ги разгледуваме изјавите на премиерот на Албанија, Е. Рама и лидерот на Косово кое прогласи еднострана независност, Х. Тачи, околу подготвеноста за обединување во една големоалбанска држава.
Нивните зборови ги повторува раководителот на јужната српска општина, населена со Албанци,  Прешево, Ј. Муслиу, кој објави дека оваа територија се стреми да биде составен дел на таквата творевина.
Во истиот контекст е и скандалозната „тиранска платформа“ на албанските етнички партии во Македонија која води кон поткопување на државноста во Македонија.
Карактеристично е тоа што основните покровители на Тирана и Приштина, односно САД и ЕУ или плашливо молчат, или користат општи и безначајни фрази. Не можеме а да не се солидализираме со оценките во однос на тоа што се случува, изложени од страна на избраниот претседател на Србија, А. Вучич и МНР на Србија, И. Дачич, кои решително ја осудија реториката на албанските политичари и побараа адекватна реакција во однос на случувањата од страна на Брисел, Вашингтон и клучните европски главни градови.
Горчливата иронија се состои во тоа што како што подвлече А. Вучич, доколку тој би си дозволил себе си јавно да ги пропагира идеите за обединување на Србија со Република Српска, тогаш „би висел во Брисел на столб, наместо знамето“.
Сметаме дека е потребно меѓународната заедница, заеднички да и укаже на Тирана и на албанските политичари во другите балкански држави дека територијалните претензии и размислувањата за прекројување на границите во регионот се неприфатливи.
Ги повикуваме западните партнери до го следат здравиот  разум и меѓународното право а не како по навика двојните стандарди.Констатираме дека користејќи ги гласните обвиненија дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во ЈИЕ се превземаат мерки за реализациј

Пронајдете не на следниве мрежи: