И кај мажите „отчукува“ биолошкиот часовник!

Според новите истражувања и мажите  имаат „биолошки часовник“, велат научниците.Во споредба со деца на помлади татковци, потомците на оние повозрасните имаат поголем ризик од психијатриски нарушувања, покажала студијата објавена во магазинот JAMA Psychiatry.
На пример, децата на татковците кои во таа улога се оствариле по 45 години, имаат три пати поголема шанса за некои од пореметувањата од спектар аутизам, 13 пати поголема веројатност да имаат АДХД и 24 пати поголема шанса да страдаат од биполарно растројство, отколку децата на татковците на возраст од 20 до 24 години.

За потребите на студијата, истражувачите анализирале податоци од 2,6 милиони деца родени во Швадска од 1973 до 2001 година, што е една од најголемите и сеопфатните студии за ефектите на старосната возраст на таткото.
“Хипотезата се заснова на тоа дека во текот на годините постои поголема шанса дека во ДНК од машката сперма се наоѓа мутација”, вели Брајан Донофрио лидерот на студијата и професор доцент на Одделението за психологија и неврологија на Универзитетот во Индијана.
“Овие генетски мутации се поврзани со психијатриски проблеми”.
Студијата од 2012 година, од страна на истражувачите спроведено во Исланд, покажала дека дури 20 до 30% од случаите на аутизам и шизофренија може да се поврзе со годините на таткото.
За разлика од синдромот како Даунов, студијата на Исланд не открила докази дека годините на мајката играат таква улога.Во споредба со деца на помлади татковци, потомците на оние повозрасните имаат поголем ризик од психијатриски нарушувања, покажала студијата објавен

Пронајдете не на следниве мрежи: