ПСИХОТЕРАПЕВТ ОТКРИВА! Навики кои го зголемуваат чувството на анксиозност!

Има симптоми кои се јавуваат на телесно ниво и такви што се на ментално ниво. Истражувања покажуваат дека одредени животни навики може да придонесат за појавување или интензивирање на некои симптоми, пишува Златковиќ.

Франција: Нема црвени линии кога е во прашање поддршката за Украина
Нема „црвени линии“ кога е во прашање поддршката за Украина, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро. Тој за Би-би-си изјави дека Украина може да …
Полицијата пронајде три исчезнати лица! Тие беа во рацете на озлогласениот култ повеќе од две години! Уапсени баба и тетка! (ФОТО/ВИДЕО)
Три деца кои мистериозно исчезнаа пред повеќе од две години се пронајдени живи во мало пустинско гратче во близина на границата меѓу американските сојузни држави Аризона и Јута.Децата исчезнаа во …

Недоволен сон

На еден возрасен човек му се потребни најмалку 7 часа квалитетен сон, на децата до пубертет 10-11 часа, а на адолесцентите 8-9 часа. Недоволниот сон е стрес за организмот, што може да ја активира анксиозноста како предупредување дека организмот не е во рамнотежа. Ова може да доведе и до неефикасност во работата, што дополнително ја зголемува анксиозноста.

Употребата на мобилни телефони и разни апликации пред спиење негативно влијае врз квалитетот на сонот и ја засилува анксиозноста. Потрудете се да го замените телефонот со книга или техника за релаксација.

Преголемо внимание на социјалните мрежи

Постојаната потреба да ги проверувате социјалните мрежи и бесцелно да седите на нив може да ја зголеми анксиозноста, но и депресивноста. Ова ви го одвлекува вниманието и времето ви поминува, па потоа се јавуваат лутина и бес поради непродуктивноста.

Освен тоа, социјалните мрежи може да поттикнат незадоволство од сопствениот живот доколку се споредувате со туѓите животи. Наместо тоа, фокусирајте се на односот со блиските луѓе кои позитивно влијаат врз вашето расположение.

Премногу кофеин

Кофеинот стимулира реакција слична како анксиозноста за да ве држи будни. Поголемата доза на кофеин ги предизвикува претходно наведените симптоми и ја зголемува иритабилноста. Обидете се да го намалите количеството кафе на една шолја дневно, а пијте црн или зелен чај.

Премногу алкохол и никотин

Алкохолот и никотинот, исто така, се психостимуланси. Лицата со анксиозност се склони кон злоупотреба на алкохол бидејќи ги опушта, но тоа е привремен ефект. Мамурлакот носи симптоми кои се карактеристични за зголемената анксиозност. Преголемото внесување алкохол и никотин ја менува мозочната структура и може да ве направи анксиозни и раздразливи.

Нездрава исхрана и недостиг на физичка активност

Потребите за храна и вода се основни, па затоа анксиозноста природно ќе се јави како аларм кога овие потреби не се задоволени на правилен начин. Умерената исхрана која се базира на здрави масти и протеини, а помалку јаглехидрати, на долг рок може да ви помогне да ја регулирате анксиозноста.

Освен тоа, централниот нервен систем и хормоните што се задолжени за расположението позитивно реагираат на мотиричката активност. Само 10 минути вежбање дневно или прошетка од половина час значително ќе го подобри вашето физичко и ментално здравје.

Го занемарувате социјалниот живот

Можеби сте личност што не ужива во доцните излегувања, но изолацијата негативно влијае врз анксиозноста. Во ред е да имате време за себе, но доколку упорно ги игнорирате повиците за дружење, не правите добро за своето расположение.

Ги запоставувате обврските

Одложувањето на обврските најчесто е резултат на зголемената анксиозност. Но со тоа што ќе ги одложувате обврските дополнително ја зголемувате анксиозноста и паѓате во неизлезен круг. Единствен начин за решавање на проблемот е едноставно да ги завршите обврските.

Преокупирани сте со обврски

Од друга страна, не е пожелна ниту другата крајност. Постојаната посветеност на обврските во долг временски период лошо ќе се одрази врз вашето ментално здравје. Потрудете се да имате време и за себе и за најблиските, со што ќе ги полните батериите и ќе добиете сила за соочување со секојдневниот стрес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.