Ајфеловата кула полни 125 години

Едно од најпознатите аритектонски зданија на модерното време денес  полни 125 години. 300метарската кула е гордост не само на парижани, туку и на цела Франција.На 31ви Март 1889 година, работниците го поставија последното парче железо на Ајфеловата кула. Неколку дена подоцна, како свечен чин на отворање на истата, нејзиниот дизајнер, Александар Густав Ајфел, се искачува пеш по 1 710те скали на истата за да стигне до самиот врв, каде го развиорил француското знаме.

 
Додека трае бележењето на оваа годишнина, ви издвојуваме неколку интересни факти за Ајфеловата кула:
Некогаш била жолта
Кога била изградена, Ајфеловата кула имала црвенкасто-кафена боја, а малку подоцна била пребоена во жолта боја. Потоа бојата се менувала во жолтеникавоо-кафена, па во лешниково-кафена, за во 1968 да и се даде специфичната „Ајфелово-кафена боја“. Кулата се пребојува на секои 7 години за да изгледа што помладо и поново.
Белег на 100годишнината од Француската револуција
Кулата на Ајфел е избрана од 107 проекти кои биле пратени на конкурсот на француските власти за споменик кој ќе одбележи 100 години од падот на Бастил.

 
40 години била највисока градба во светот
Со своите 300 метри височина, Ајфеловата кула го надминала дотогашниот рекордер, обелискот во Вашингтон. Кулата го држела рекордот се до 1930 кога во Њу Јорк била изградена зградата на Крајслер. Во 1957 и била надградена антена на врвот, со што за кратко повторно била највисока кула на светот, но бргу била надмината од Емпајр Стејт Билдинг, повторно во Њу Јорк.
Некогаш најголемиот билборд на светот
Помеѓу 1925 и 1936 година автомобилската компанија Цитроен ја искористила Ајфеловата кула како билборд за рекламирање. Речиси 250 000 сијалици го испишувале името на компанијата на кулата, и биле видливи дури на далечина од 32 километри.
Ајфел дизајнирал и друга светски позната скулптура
Кога во 1879 година внатрешниот дизајнер на Статуата на слободата ненадејно починал, Ајфел бил побаран како замена за истиот. Статуата е подарок од Франција за САД, а нејзина реплика стои среде Сена во Париз, засенета од Ајфеловата кула.
Париските уметници протестирале против кулата
Во 1887 година група париски уметници, писатели, скулптори, сликари и други упатиле протест до властите во кој велеле дека кулата е навреда за сета француска уметност и дека треба да биде отстранета. За среќа, кулата преживеала.

 
Радиото ја спасило од расклопување
Кога градските власти во Париз сакале да ја расклопат кулата поради долгот на Ајфел за конструкцијата на истата, тој се досетил како да си го спаси уметничкото дело. На врвот од кулата поставил антена која служела за експериментирање со радио телеграфија, што донело многу профит на Париз, па во 1909 година властите се одлучиле да не ја расклопат кулата.
Кулата придонела за апсењето на Мата Хари
Антената која била поставена на кулата многу помогнала во Првата Светска Војна, така што француската армија лесно ловела сигнали и тајни пораки испраќани од Берлин до неговите сојузници. Благодарение на фатен сигнал од Германија до Шпанија за „Детективот Н-21“, француските власти успеале да ја уапсат и егзекутираат Мата Хари, најславната шпионка од Првата Светска Војна.
Во кулата имало лабораторија
Ајфел ги изгравирал имињата на 72 научници кои некогаш експериментирале во лабораторијата која била сместена на првиот кат. Многу славни научници, меѓу кои и браќата Рајт, воде ги спроведувале своите експерименти.
Луѓе гинеле при обиди да полетаат од кулата
Ајфеловата кула како денес, така и во минатото биле пожелна дестинација за љубителите на екстремни спортови. Сепка, не сите успеале да и пркосат на смртта. Во 1912 година францускиот кројач Франц Рајхлет се обидел со негов падобран да полета од кулата, но стрмоглаво паднал од височина од 57 метри на земјата, од што починал. 14 години потоа, пилотот Леон Колт се обидел да прелета под кулата, но леталото му се заплеткало во антените и се запалило.На 31ви Март 1889 година, работниците го поставија последното парче железо на Ајфеловата кула. Неколку дена подоцна, како свечен чин на отворање на

Пронајдете не на следниве мрежи: