Алибаба – симбол за кинеската е-трговија

Оваа компанија претставува 80 проценти од целата онлајн-малопродажба во Кина.Алибаба можеби е најголемиот бизнис за кој никогаш не сте чуле. Покрај фактот што доминира на кинескиот интернет-пазар, оваа компанија сѐ уште го нема проширено успехот во светски рамки. Но првата понуда на акции на њујоршката берза, би можела сѐ да промени, а постои можност брендот да стигне на исто рамниште со Фејсбук, Амазон и Ибеј, како уште еден гигант во онлајн-светот.Од малопродажба до логистичка поддршкаПолесно е да се наведе што не опфаќа работата на „Алибаба“. Првата дејност на компанијата беше веб-страницата Алибаба (alibaba.com), која беше формирана од страна на основачот Џек Ма во 1999 година. Веб-страницата им помага на извозниците од Кина (и други земји) да се поврзат со компании од повеќе од 190 земји во светот. Овој систем му овозможува на некој бизнис од Обединетото Кралство да најде производител во Кина што ќе произведе разни стоки и потоа ќе ги испорача.Веб-страниците на Алибаба не работат само со бизниси. Исто така го поседуваат порталот Таобао (taobao.com), односно најголемата кинеска веб-страница за купување, која нуди голем избор на брендирана стока за новата средна класа во Кина. „Алибаба“ не се ограничува само на ова, туку и управува со онлајн-системот за плаќање Алипеј, кој функционира како Пејпал.Исто така има голем удел во Сина Веибо, кинеската верзија на Твитер, како и онлајн-видеосервисот Јуку Туду, кој функционира на сличен начин како Јутјуб.Компанијата исто така нуди онлајн-маркетинг, обработка во облак и логистичка поддршка. Проширувањето на основната дејност на „Алибаба“ овозможи допир со нови области. Неодамна го купи контролниот пакет во еден филмски бизнис, а исто така поседува и 50 отсто од најуспешниот кинески фудбалски клуб Гуангжу Евергранде. За крај, но веројатно и најзначајното, во план е да се влезе во банкарската индустрија. Зошто е толку успешен?

Прераснувањето на „Алибаба“ од една стартап-компанија со 18 вработени во 1999 година во светска компанија што има 22.000 вработени се должи на нејзината способност да управува со светот на интернет-трговијата. Оваа компанија претставува 80 проценти од целата онлајн-малопродажба во Кина. Во Кина сега има околу 600 милиони интернет-корисници од вкупно 1,3 милијарда жители.Овој податок може да се спореди со 277 милиони интернет-корисници во САД и 546 милиони во Европа.
Алибаба го искористи брзиот развој на онлајн-пазарот за да ја воведе прва технологијата на паметните телефони во државата, па така сега контролира над 75 проценти од целата продажба на мобилни телефони во Кина.Истражувачкиот центар Форестер проценува дека до 2017 година бројот на корисници на паметни телефони ќе се зголеми до 740 милиони. Добрата вест за „Алибаба“ е тоа што потрошувачите сѐ почесто ги користат нивните телефони за да купуваат.
Според интернет-општеството на Кина, онлајн-плаќањето преку мобилните телефони се очекува да ја надмине бројката од 800 милијарди фунти до 2015 година.Како заработува Алибаба?За разлика од Ибеј, Алибаба не вклучува дополнителни трошоци за направената трансакција. Туку, напротив, најголем дел од заработувачката ја остварува преку рекламите што се појавуваат на многубројните веб-страници. Според најновите сознанија на американските регулатори, 279 активни купувачи и 8,5 милиони активни продавачи годишно ги користат онлајн-сервисите на Алибаба, а се остваруваат 14,5 милијарди нарачки. Така, јасно е зошто овие веб-страници им се атрактивни на огласувачите. На компанијата не ѝ е потребна голема инфраструктура за да функционира системот со тоа што таа на едноставен начин ги поврзува клиентите и бизнисите и притоа наплаќа мала провизија. Често онлајн-пазарите се повикуваат на обемот на бруто-трговската стока (ГМВ), која ја мери вредноста на производите што се продаваат, па според ова се смета дека претставува показател за големината на нивниот бизнис.„Алибаба“ пријави ГМВ од 296 милијарди долари за минатата година заклучно со 30 јуни 2014 година, што претставува речиси четири пати колку што објави „Ибеј“ во 2013 година. „Амазон“ не објавува колку изнесува нивниот ГМВ, но индустријата го процени на 100 милијарди долари за минатата година.Пазарите ги остваруваат овие приходи преку провизии и преку одреден процент што се остварува со продажбата. Според оваа мера, резултатите на Алибаба сѐ уште не се во тек со двата гиганти во електронската трговија. Но токму профитабилниот бизнис-модел на Алибаба привлекува многу инвеститори.Оперативната маргина на компанијата – што претставува мера за нејзината ефикасност – ја надминуваа онаа на нејзините ривали.
Извор: Нова МакедонијаАлибаба можеби е најголемиот бизнис за кој никогаш не сте чуле. Покрај фактот што доминира на кинескиот интернет-пазар, оваа компанија сѐ уште го н

Пронајдете не на следниве мрежи: