Апостол Петков Терзиев-Ениџевардарско Сонце

Апостол Петков Терзиев, наречен „Ениџевардарско Сонце“ 6 мај 1869  2 август 1911  македонски револуционер и војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. За неговиот револуционерен живот пишува и Алберт Сониксен американски патеписец Апостол Петков Терзиев, наречен „Ениџевардарско Сонце“ 6 мај 1869 – 2 август 1911 — македонски револуционер и војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација
Апостол Петков Терзиев е роден во селото Бојмица (Гевгелиско), Македонија, (денес Аксиуполи, Грција). Потекнува од ајдутско семејство Терзиеви.
Неговиот поголем брат Митре Терзиев, како ајдутин ја обиколувал Пајак Планина, а неговиот помал брат Тано Терзиев и братучедот Антон Терзиев заедно со него се одметнуваат, а подоцна загинуваат како комити на ТМОРО, а според некои извори гркоманскиот капетан Гоно Јотов му бил прв братучед.
Апостол Петков на 22 – годишна возраст, во 1892 година ја напуштил кантонерската работа на железничката линија Солун-Скопје, го продава стадото на својот татко и со парите купува оружје, по што со неговит брат Тано се одметнуваат во областа Бојмија. Бил неук, но по природа бил интелигентен. Ги избегнувал учителите нарекувајќи ги чонголи.
Петков по темперамент бил подвижен, храбар и предвидлив. Во тој период во истата област и Пајак Планина се појавува и Иванчо Оџаров Карасулијата кој исто така дејствувал со своја дружина. Апостол Петков и Иванчо Карасулијата ќе ги здружаат силите и како ајдути ќе дејствуваат во Бојмија се до 1897 година.
Нивната чета била поставена врз полуајдучка основа, таа никнала како одговор на злоделата на разбојничките банди и дејствувала како заштитник на мирното население.
Во првата половина на 1897 година, областа Бојмија и тамошните села биле посетени од Даме Груев, тогаш тој ги поканил Апостол Петков и Иванчо Оџаров Карасулијата да се покорат на ТМОРО и да ги прифатат нејзините начела кон организацијата пристапиле под заклетва дадена пред поп Стамат Тончев
Четата на А. Петков била прва чета на ТМОРО во Солунскиот вилает во неа влегле: брат му Тано, братучет му Андон, Михаил Апостолов – Попето, Андон Ќосето, Димитар Чавдаров и Атанас Карадупков.
Областа Бојмија во 1897 година на двапати била посетена од Гоце Делчев, најверојатно неговата посета била поврзана со четата, а тој со себе го донел и Михаил Апостолов – Попето, кој требало да се запознае со теренот и да изврши влијание врз четата, која била поставена врз полуајдутски начела.
Четата на Апостол Петков своето борбено крштевање го имала кај селото Грубевци, кога аскерот кој одел од Солун кон Гуменџе бил растеран, а четата немала жртви. Овој судир го прославило името на војводата и неговата чета и закрепнал духот на населението.
Кон крајот на 1900 година бил направен обид за ликвидација на Ангелакис Секелариос, грчки лекар и пропагтор во Гуменџе. А. Петков неколкупати го предупредувал Ангелакис, но тој ги отфрлил предупредувањата.
А. Петков му поставил неколкупати заседа но неуспеал да ја изврши казната. Подоцна Ангелакис ќе биде ранет и ќе замине за Солун
Во 1902 година доаѓа до засилување на врховистичките провокации, поради тоа ЦК на ТМОРО со писмо од 17.06.1902 година му наредува на Апостол Петков да ја разоружа чета на Иванчо Карасулијата кој преминал кон Врховниот комитет.
по пресметките на Апостол Терзиев залудна била борбата со Карасулијата бидејќи добро се познавале а си ја познавале и силата единствено што би се случило би било само загуба на борци од двете страни,на 28 јуни 1902 година, А. Петков и Карасулијата се сретнале и постигнале договор за ненапаѓање. Следниот ден биле предадени од селаните на село Ливадија и заеднички се судриле со потерите кај Гандач.
24.02.1903 година, во селото Бојмица бил опколен од аскерот.Тој наверемено бил известен од селаните и имал можност да го напушти селото но одлучлил да се бори и ја поделил својата чета на два дела.Едната под негова команда, а другата под команда на Антон Иванов. Борбата траела цел, по што четата успеала да се пробие. Тогаш загинал и неговиот брат Тано Петков Терзиев.
Од турска страна загинале јузбашијата и еден војник. Подоцна се рабрало дека четата бил предаден од гркоманите од село Крива, а на предавниците им биле запалени куќите.
Пред избувнувањето на востанието, А. Петков со својата чета во Ениџевардарско имал судир кај селото Постол,во овој судир учествувале и четите на Крсто Асенов и Трајко Јотов.
По судирот А. Петков и Асенов заминале кон село Корнишор. Во тамошната црква на Илинден биле осветени Кукушкото и Ениџевардарското знаме. Во меѓувреме дошло до убиството на Асенов и почетокот на востанието во Ениџевардарско било одложено. Подготовките за востанието во таа област ги презел Апостол Петков.
по Илинденското востание Апостол Петков заминува за Бугарија, но уште во февруари 1904 година се враќа во Македонија и ја започнува одново револуционерната борба, но сега со грчката вооружена пропаганда во Ениџевардарското.
Во летото 1906 година Апостол војвода се бори со четата на андартскиот капетан Костас Акритас и го опожарува грчкото село Ниси. Истата година организациските чети под водство на Апостол Петков водат борби со андартите под командата на капетан Акритас, Аграс (поручик Телос Агапинос), Никифорос (идниот адмирал Јоанис Деместихас) и други.
Во едно од овие борби капетан Аграс е фатен и обесен крај селото Владово (денес Аграс).
По неуспесите за ликвидирањето на Апостол, со мито турската власт, се обидува да го натера, војводата да се откаже од револуционерното дело, а грчкиот конзул во Солун Ламброс Коромилас се обидува да го привлече на грчка страна[11].
Големата улога на Војводата Апостол во борбата против андартската провокација, била призната дури и од неговите грчки противници. Во 20-те години грчката писателка Пинелопи Делта пишува во својот роман „Во тајните на блатото“, во која ги опишува борбите на андартите и турците против нивниот заеднички непријател.
Славата на Апостол војвода стигала до Цариград, каде што се носат различни неверојатни гласините за страшниот рушител на Османлиската држава.
Во очите на султанот Абдул Хамид II, Апостол војвода почнува да ја претставува целата револуционерна организација и тој го испраќа лично свој роднина да преговара со војводата, кој му понудил 14 000 златници за да се откаже од организацијата и да прејде во служба на султанот 
Во 1907 година притисокот на грчките андарти и турската војска во Ениџевардарско станува неподнослива и Апостол е принуден да ја напушти областа.
По Младотурската револуција во 1908 година, А. Петков излегува од илегала,најпрвин верувал во промена верувал во подобра иднина, дури кога султанот е симнат од власт од страна на младотурците Апостол се наоѓал во Солун и по цели денови шетајќи по улиците на солун со пајтон ја нарачувал да му ја пеат песната за него Абре Бај Постоле. за брзо време се разочарува од политиката на младотурците и од страв да не биде предавнички убиен, Апостол Петков бега во Бугарија.
По неколку години во 1910 година влегува повторно со чета во Македонија, заедно со војводите Ичко Димитров, Христо Чернопеев и ја обновува својата револуционерна активност.Доаѓа назад со цел да расчисти со шпионите и кодошите кои во тоа време многу се намножиле. 
На 2 август 1911 година, Апостол Петков Терзиев заедно со војводите Георги Мучитанов Касапчето и Васил Пуфки,предадени од нивен поранешен соборец загинуваат во ениџевардарското село Крушари (денес Абелиес, Грција).

 

Апостол Петков Терзиев, наречен „Ениџевардарско Сонце“ 6 мај 1869 – 2 август 1911 — македонски&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: