Бабо, го прочитав писмото кое ти го испратив пред 22 години – и заплакав…

Пред неколку дена брат ми ми испрати фотографија од писмото кое сум и го напишал на баба ми пред 22 години…Пред неколку дена брат ми ми испрати фотографија од писмото кое сум и го напишал на баба ми пред 22 години. Таа се чува, па и моите глупости од основно училиште. Бидејќи не сме се виделе одамна, на овој начин сакаше да ми каже дека и недостигам. Колку таа ми е важна во животот не можам да пренесам точно во овој текст, бидејќи да не беше таа, јас сигурно би бил сосема поинаков.
Драга бабо,
Ти благодарам што ми дозволуваше да правам се она што моите родители не ми дозволуваа и сама знаеш колку тоа мене ми значеше во животот. Не ме спречуваше во ништо бидејќи секоја недела кога ме чуваше, ми дозволуваше во твојот двор да правам концерти и да пеам на цел глас. Додека соседите кои поминуваа покрај капијата се крстеа, ти му аплаудираше и ме бодреше.
Ти благодарам што секоја вечер  ми даваше млеко во мало лонче и ми ставаше сламка во него бидејќи бев убеден дека тоа е многу кул.
Ти благодарам што кога бев вознемирен и кога сонував нешто лошо, ме лулаше и ми пееше:
„Нани нани детенце, во шарено ќебенце…“
Не смеам да заборавам дека ми ги отсече шишките едно лето бидејќи било многу жешко. Изгледав пресмешно, мајка ми полуде, но барем челото не ми беше постојано мокро од потење и имав само сосема шик изглед за деведесетите.
Секогаш бараше кога ќе влезам кај тебе во двор, да ја навалам главата за да ме бакнеш во врат, па често од капијата во влезната врата на куќата  одев со подвиткана глава чекајќи да ме бакнеш. Знам дека тоа премногу те забавуваше…

 

Како да не ти бидам благодарен на времето кое го поминуваше со мене, а знам дека секогш беше болна. Толку вешто криеше дека нешто те боли и мачи, но тоа го правиш и ден денес бидејќи се плашиш од лекари, за некој кој не те познава да помисли дека си најсреќната и највиталната жена на светот. Затоа брат ми и јас те викавме „светица“ бидејќи не те држеше место и постојано беше во движење.
Ти благодарам што ме држеше за рака додека ме испраќаше до училиште и што често во шега велеше: „Нека не те задеваат таму, инаку баба ќе им фрли бомба“. Чисто да знаеш оваа твоја изјава засекогаш ќе остане смешна.
Годините кои ги поминав со тебе како дете, никогаш нема да се избришат бидејќи ми овозможи незаборавно детство и силни спомени.
Бабо, ги немам сите петки на работа, но се трудам. Убаво се согласувам со колегите, јас ги сакам нив и тие мене.
Ти посакувам да си здрава и да живееш уште долго, долго.
Твојот внук Мича.Пред неколку дена брат ми ми испрати фотографија од писмото кое сум и го напишал на баба ми пред 22 години. Таа се чува, па и моите глупости од осн

Пронајдете не на следниве мрежи: