Ченто со свој потпис го одобрил барањето за затворање на дедо Михаил

Методија Андонов-Ченто со свој потпис го одобрил барањето на ОЗНА за затворање на Методи Гогов од Штип, член на АСНОМ, подоцна архиепископ Михаил.Според записникот од седницата на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто со свој потпис го одобрил барањето на ОЗНА за затворање на Методи Гогов од Штип, член на АСНОМ, подоцна архиепископ Михаил, но неговиот прв помошник, потпретседателот на Президиумот, Лазар Kолишевски, избегнал да се  потпише под таквиот записник, односно под одлуката за апсење на свештеникот Методи Гогов, пишува Дневник.
Зошто Ченто не застанал во одбрана на свештеникот-иницијатор на Црковно-народниот собор за осамостојување на трите македонски епархии од Српската православна црква? Во своето истражување за односот на Ченто кон македонското црковно прашање, проф. д-р Марјан Димитриевски, меѓу другото, подвлекува дека „прашањето на статусот на Македонската православна црква за Методија Андонов- Ченто беше едно од поважните прашања на кои тој во текот на својата револуционерна активност им обрнуваше значајно внимание“.

 

Според овој историчар, статусот на Македонската православна црква за Ченто не означува религиозен момент, туку тој преку неа „препознава еден од основните елементи на националниот идентитет на македонската нација и македонската држава“.
 Сепак, ставот на Ченто кон религијата во различни периоди е променлив, односно тој во „почетокот бил религиозно определен, но со текот на времето почнал да гради поинаков став и да се определува на антирелигиозна основа“. Хроничарите бележат дека во 1929 година Ченто „не искажал желба, како што тогаш било ред, да се венча со својата свршеничка Василка Спирова Поп-Атанасова во црква“. Сепак, подоцна, на 11 октомври 1943 година, кога веќе бил вклучен во Главниот штаб на НОВ и ПОМ, бил одржан состанокот во Црвена Вода, Охридско, а Ченто бил еден од оние што го поддржале формирањето верско поверенство при Главниот штаб.
Имајќи ја предвид состојбата во тоа време, ваквиот акт означува своевиден пресврт во третманот на македонското свештенство и црквата воопшто. Со оваа одлука статусот на македонското свештенство веќе почнува да се уредува, а црковната организација да се препознава како идна самостојна македонска црковна организација.Според записникот од седницата на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто со свој потпис го одобрил барањето на О

Пронајдете не на следниве мрежи: