Чие лице го користат Анонимуси?

Сите знаеме за неговото лице затоа што го „популаризираа“ Анонимусите. Но, за кого поточно станува збор?На секој 5. ноември, Британците палат оган и огномет за да го одбележат погубувањето на Гај Фокс, католичкиот терорист од 17 век.  Денес, модерните активисти го прифатија тој ден како ден на масовни протести. Анонимуси носат маска од која се смее лицето на Гај Фокс.
Но, како овој терорист од 17 век стана заштитно лице на модерните протести?
За време на 1605 година, Фокс бил дел од римокатоличката група која планирала да го крене во воздух Домот на лордовите за време на отворањето на парламентот. Со барут требало да го убијат кралот Џејмс Први, протестант и да ја постават на престолот неговата деветгодишна ќерка која би владеела како римокатолички монарх.
Но, анонимното писмо во кое се опишува нивната намера било испратено до кралот. Фокс е уапсен во неговата куќа со 36 барели барут. Тој бил мачен, а заверениците биле осудени за предавство во 1606 година. Традицијата на палење оган започнала набрзо откако планот на Фокс бил осуетен.
За време на 1980 година, Алан Мур и Дејвид Лојд го креираа стрипот „В за Вендета“ во која главен херој е претставен како притаен анархист кој носи маска со мустаќи и насмевка додека се бори против фашистичките авторитативни држави. Во 2006 година стрипот бил екранизиран во филм, а маските можеле да се купат преку интернетот.
Маската подоцна ја преземаа Анонимусите. За нив одлуката била едноставна, инспирација им била последната сцена до филмот во која Гај Фокс гледа како експлодира парламентот. Маска е само начин преку кој се кријат Анонимусите. Маската подоцна ја носел и Џулијан Асанж, основачот на Вукиликс. Таа стана редовна појава на голем број протести. Без оглед што маските од филмот се достапни на интернетот, поголем број од нив сакаат сами да печатат свои.
И ден денес, кралската гарда ги прегледува сите одаи под Вестминстер пред да започне седница на парламентот.
На секој 5. ноември, Британците палат оган и огномет за да го одбележат погубувањето на Гај Фокс, католичкиот терорист од 17 век.  Денес, моде

Пронајдете не на следниве мрежи: