Човекот кој ја откри аферата со прислушкување е баран од ловци на глави

Едвард Сноуден, човекот кој ја обелодени во јавност аферата со прислушкување од страна на владата на САД и веднаш потоа се засолни во Хонг Конг, е баран од ловци на глави. 
Покрај ловците на глави, Сноуден е баран и од многу ноовинари кои сакаат да дознаат што е можно повеќе информации за оваа мега афера, а исто така и американската влада објави потера, поради загрозување на имиџот на владата. 
Сеуште е непознато дали Кина че го испорача Едвард, па каков што е моменталниот договор помеѓу двете земји, Кина гарантира екстрадиција на американски државјани доколку не смета дека со тоа би биле повредени интересите на нивната надворешна политика. Завчера, пак, Сноуден, се спакувал и исчезнал од хотелот во Хонг Конг во кој престојувал.
Тој на новинарот на Гардијан му рекол дека “не верува во правосудниот систем на САД и знае дека нема да добие фер судење”.
Откриено е дека Сноуден за улогата на поткажувач на американската влада се подготвувал од февруари, кога стапил во контакт со новинарот на Гардијан, Глен Гринвалд. Комуникацијата се одвивала бавно, преку пошта, затоа што бил најсигурниот начин да не бидат откриени од властите.
Во април новинарот инсталирал посебен софтвер за енкрипција на податоци и така почнале директно да комуницираат со Сноуден.Од посочените комуникациски компании чиишто сервери биле надгледувани од владата вчера се огласи Гугл. Гугл побара од администрацијата на претседателот на САД Барак Обама дозвола да ги објави деталите за барањата на американската Влада за пристап до електронската пошта и други лични податоци на интернет.
Писмото со барањето било испратено до државниот обвинител Ерик Холдер и директорот на ФБИ Роберт Милер. Компанијата се обидува да ги негира медиумските тврдења дека таа и го отворила патот на НСА да пристапи до повеќе онлајн комуникации на нејзините корисници во рамки на тајната програма „Призма”.
Првите луѓе на Гугл тврдат дека ништо не знаеле за “Призма” додека не прочитале првпат за тоа минатата недела. „Гугл нема што да крие“, се наведува во писмото на компанијата, додавајќи дека располагаат со податоци со кои можат да ги поткрепат своите тврдења.
Гардијан неколку дена претходно, а потоа и весникот Вашингтон пост, објави дека американската безбедносна агенција тајно, преку телекомуникациската компанија Верајзонн, собира податоци за сите комуникации кои се вршат во оваа мрежа во САД. Исто така, откриен е и документ според кој американските власти целосно го следат интернетот и социјалните мрежи, читајќи ги сите пораки и електронски пошти кои циркулираат. Обама ја потврди вистинитоста на овие информации, но сето тоа го бранел со борбата против тероризмот, објаснувајќи дека врз тајната програма постои судска и конгресна контрола и дека со тоа се заштитуваат американските државјани од потенцијални напади.Едвард Сноуден, човекот кој ја обелодени во јавност аферата со прислушкување од страна на владата на САД и веднаш пото

Пронајдете не на следниве мрежи: