Дали моделот на функционирање на скандинавските земји е одржлив?

Данска, Финска, Норвешка и Шведска, според сите истражувања се земји во кои е најубаво некој да се роди и да живее. Меѓутоа, кризата остави трага и во тој дел од светот, а политичарите и деловните луѓе на скандинавските земји сѐ повеќе се загрижени од прашањето колку нивниот модел на функционирање воопшто е одржлив.Податоците покажуваат дека во изминатата деценија растот на производството изнесувал 1 отсто, додека во текот на 80-тите години бил 2 до 3 отсто, па се наметна прашањето за одржливоста на големите плати. Карл-Петер Торвалдсон, претседател на шведскиот синдикален конгрес ЛО, смета дека нордиските економии во минатото биле конкурентни токму поради високите плати, бидејќи тие ги принудуваат компаниите побрзо да се менуваат и да мораат да бидат попродуктивни.
Ограничувањето на растот на платите, смета тој, ќе спречи некои луѓе да се откажат од големите бенефиции.
Падот на производството тој го припишува на поместувањето на структурата на економијата од производството на услугите. На крај сите политичари се согласуваат, десните и левите, дека одговорот е во тоа да работат што повеќе луѓе, што ќе го реши и проблемот со стареењето на населението.
– Она што ни треба е повеќе работни часови во економијата. Ни треба производство кое ќе ни овозможи социјална држава – рече за ФТ Стефан Лофвен премиер на Шведска.
Прашањето за имиграцијата вклучува зголемување на старосната граница за одење во пензија, вработување на студенти како и зголемена вработеност меѓу жените и имигрантите. Интегрирањето на имигрантите е посебен предизвик, а се проценува дека оваа и идната година ќе бидат 100.000.Податоците покажуваат дека во изминатата деценија растот на производството изнесувал 1 отсто, додека во текот на 80-тите години бил 2 до 3 отсто, п

Пронајдете не на следниве мрежи: