Дали убавите жени се глупави?

Една од предрасудите за убавите жени е тоа дека се глупави. Мажите сметаат дека убавите жени се вообразени и себични. Дали е тоа навистина така? Познато е дека убавината секој различно ја доживува, но кога станува збор за надворешна убавина, тоа е доста релативно прашање бидејќи секој човек различно набљудува.Исто така, стручњаците наведуваат дека ако жените често се дотерани, водат грижа за себе и својот изглед, облекувањето и фризурата логично е дека тие немаат време да се справуваат со други работи. Тоа е уште една предрасуда за убавите жени.
Всушност, тие жени имаат различни приоритети што не треба да укажува дека се необразовани или глупави.
Една психотерапевтка кажува дека паметните и успешни жени многу често се наоѓаат во лоши врски. Психотерапевтката Дебора Ден напишала книга “Stupid about Men: 10 Rules for Getting Romance Right” во која пишува зошто жените се зависни од романтики.
“Романтиката е дрога која ја спречува жената да се соочи со реалните проблеми во животот. Тоа е начинот со кој го одбегнуваат реалниот живот. Нормално е да сакаат љубезност и романтика, но не по секоја цена”, вели Дебора.
Доколку жената во целост стане под влијание на мажот веќе станува збор за неразумно однесување.
“Жените сакаат љубовна приказна како од бајките, па во врски влегуваат со нереални очекувања во поглед на брак или долготрајна врска. Тие сакаат мажите да ги излечат нивните рани и трауми. Жените пораснале гледајќи љубовни приказни со среќен крај кои пропагирале со тој мит, па се научиле дека моќта на љубовта може да промени се”, вели Ден.

Пронајдете не на следниве мрежи: