ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТКРИВА: СУПЕР НАМИРНИЦИ СО КОИ ЌЕ ДОЖИВЕЕТЕ СТО ГОДИНИ!

Популарниот водител Џејми Оливер, водеше кампања за подобрување на исхраната во училиштата, а сега има цел која ја опфаќа целата нација. План на исхрана кој ќе ни обезбеди да доживееме сто години!
 Џејми патувал по светот и составил листа од 14 „магични“ намирници, како што се риба и јајца и треба да бидат дел од сечија кујна.
Во неговата ТВ емисија, Џејми ги открил триковите за подолг живот, како што се намалување на порциите месо на две неделно и конзумирање на најголемиот дел од дневните калории во првата половина од денот.
Тој вели дека резултатот од добрата исхрана е должината на животот како и неговиот подобар квалитет.

Џејми патувал во Костарика, Окинава во Јапонија и грчкот остров Икарија кој е познат по здравата исхрана. На овие дестинации луѓето живеат подолго отколку во останатите делови од светот, а бројот на заболени од рак и срцеви болести е многу помал.
Познатиот готвач во својата емисија открил дека трикот не е во егзотичните намирници, како коџи бобинки, туки да се готви паметно со едноставни намирници.
Покрај четиринаесетте супер намирници како што се тофу, црниот грав, слаткиот компир и чили пиперката, Оливер открил и некои навики во исхраната кои ги имаат луѓето кои живеат на местата кои ги посетил.
Тие ги ограничуваат порциите месо на 2 или 3 неделно, а појадокот секогаш им е пообилен од вечерата.
Кои намирници треба да ги јадете и што содржат?
     1. Јајца – витамини Д, А, Б2 и Б12, фолна киселина и јод     2. Козјо млеко – калциум, протеини и витамини     3. Риба – омега 3 масни киселини     4. Сладок компир – витамини А, Б5, Б6     5. Див зеленчук и билки – магнезиум и фолна киселина     6. Тофу – осум есенцијални аминокиселини, железо и калциум     7. Ореви – бакар, фолна киселина, магнезиум     8. Црн грав – влакна, калиум, железо, фолна киселина и магнезиум     9. Свежо овошје – многу различни витамини     10. Морска трева – железо и витамин Б12     11. Див ориз – влакна, магнезиум, фосфор     12. Лук – витамини Ц и Б6, манган, селен и антиоксиданси     13. Шкампи – магнезиум, цинк, селен и витамин Б12     14. Чили – витамини Ц, А и антиоксиданси
– Кога патував по светот и ги посетив луѓето кои живеат најдолг и најквалитетен живот, сите тие јадеа обилен појадок. На поголемиот дел од нас им е потребна енергија наутро за да во текот на денот да ги извршиме сите обврски, а не навечер кога само ќе одмараме и ќе спиеме, изјавил Џејми.
Извор: hitkujna.com.mkЏејми патувал по светот и составил листа од 14 „магични“ намирници, како што се риба и јајца и треба да бидат дел од сечија кујна.

Пронајдете не на следниве мрежи: