Директно од „Специјалниот“

Според многумина Жозе Мурињо е еден од најдобрите тренери на денешницава. Титули со секој тим на кој бил менаџер, Порто. Челси, Интер, Реал Мадрид. На неговите успеси им нема крај.
Познат по своите, во најголем случај „скандалозни“ изјави често е мета на критичарите и нарекуван арогантен или човек „влезен во филм“.
Од многуте негови изјави кои го привлекле вниманието на јавноста, некои се навредливи, некои реални. Кај еден дел од публиката предизвикале потсмев, кај друг воодушевување. Ги издвојуваме следниве:
1. Ве молам, не ме нарекувајте арогантен, ама сепак, јас сум Европски шампион и мислам дек сум специјален.
2. Јас сум Жозе Мурињо и не се менувам. Тука сум со сите свои мани и доблести.
3. Некогаш гледаш убави луѓе, но без мозок. Некогаш гледаш грди луѓе, но многу интелигентни, како научници.
4. Кога го видов Рајкард како влегува во соблекувалната на судијата, не можев да си верувам. Кога Дидиер Дрогба доби црвен картон, не бев изненаден.
5. Јас сум среќен во Интер. Јас не сум среќен во италијанскиот фудбал – јас не го сакам, а и мене не ме сакаат. Едноставно.
6. Според еден јавач на коњ јас не сум можел да бидам добар стратег, затоа што никогаш не сум бил фудбалер. Не знаев дека за да бидеш добар јавач на коњ, треба да бидеш коњ.
7. Јас не ги бранам старите или младите менаџери. Верувам во добри или лоши, постојат едни кои освојуваат титули и други кои не освојуваат.
8. Парите не гарантираат успех.
9. Единственото нешто што не можеме да го контролираме се навивачите.
10. Не сме на врвот заради финансиската моќ на клубот. Таму сме заради големиот труд кој јас го вложувам.Според многумина Жозе Мурињо е еден од најдобрите тренер

Пронајдете не на следниве мрежи: