Дневник: Пропадна уште една лага во која учествуваше и Питер Ван Хауте

При користењето на средствата од европските претпристапни фондови во Македонија не се констатирани злоупотребите, а потребно е само повешто користење на овие инструменти за националните власти да се натераат да направат потребни реформи. Ова произлегува од она што е напишано како препорака во извештајот на Европскиот суд на ревизори во однос на доделувањето на европските средства на наша земја. Во Извештајот најмногу се потенцира потребата тие средства да имаат поголемо влијание во сферите каде што е потребно да се извршат одредени подобрувања, пишува Дневник.Објавувањето на Извештајот следува само неколку недели откако во јавноста се појавија информациите за тоа дека е отворена истрага за искористувањето на средствата од ИПА-фондовите во Македонија. Почетокот на истрагата го потврдија од ОЛАФ – Европската канцеларија надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија, без да кажат за колкави суми пари се работи.
Во периодот од 2007 до 2013 година искористеност на средствата од ИПА 1 изнесува 61,8 отсто, а според податоци од Владата, вкупната сума на повлечени пари изнесува 614,7 милиони евра, при што се склучени 957 договори во вредност од 379,8 милиони евра. До крајот на 2017 година остануваат да се искористат уште 97 милиони евра од оваа програма, со што искористеноста би се движела од 75 отсто до 80 проценти. Во новиот програмски период од 2014 до 2020 година Македонија треба да добие уште 664 милиони евра од овие фондови за претпристапна помош, а земјата ќе добие и средства од регионални програми.
– Проверката на ревизорите, сепак, утврдила дека средствата наменети за зајакнување на административниот капацитет го немале потребното влијание. Ова делумно се должи на недостаток од активна поддршка од страна на државните органи – се наведува од Судот на ревизорите.
Европските ревизори потенцирале и дека во клучните области, како што е борбата против корупцијата, јавните набавки и други, националните органи треба да ги користат подобро придобивките што ги даваат европските фондови. Ревизорите посочуваат дека многу од проектите што тие ги проверувале не биле усогласени меѓу себе и не биле следени доволно добро.
– Се препорачува помошта да се концентрира за зајакнување на административниот капацитет во Македонија, особено во секторите „Транспорт“ и „Животна средина“, каде што се откриени значителни слабости. Брисел треба и подобро да ги насочува проектите преку „конзистентност и поврзаност во рамките на координиран пристап“ за да се постигнат целите на реформите, се наведува во препораката на европските ревизори до Европската комисија во која се потсетува и на тоа дека нашата земја од 2009 година чека да почнат преговорите за влез на Македонија во ЕУ, а една од најголемите пречки за тоа е спорот со Грција за уставното име на нашата држава.
Инаку, познато е дека приказната за злоупотребата на средствата од ИПА-фондовите во Македонија почна да се шири откако поранешниот посредник во меѓупартиските преговори за политичката криза во земјава Питер Ван Хауте изјави оти „има сознанија дека 40 проценти од парите од ИПА-фондовите биле користени на незаконски начин и оти има причина за сомнеж за корупција“. Тогашниот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими изјави дека „ако се констатираат злоупотреби, секој што бил дел од тоа треба да сноси одговорност“.
Пратеничката од опозицискиот СДСМ, Лидија Димова, тогаш оцени дека „освен со нивото на искористеност на парите од европските фондови Македонија ќе биде исправена и пред можен корупциски проблем“.
– Безбројпати досега било истакнувано дека има проблеми со искористувањето на ИПА-средствата и тоа од повеќе страни, од страна на опозицијата, медиумите, но и од страна на организациите на граѓанското општество. Сведоци бевме и на крадењето „на крупно“ и тоа кај третата компонента, каде што покрај случајот со фирмата АKТОР на кој укажа СДСМ, имаше и милионски договори склучени со фирми сопственост на фамилијата на поранешниот министер Миле Јанакиевски. За жал, сите овие предупредувања не беа доволни за да се натера Европската комисија да го активира своето антикорупциско тело ОЛАФ за да види дали (и како) се злоупотребуваат парите на европските граѓани – изјави тогаш Димова.Објавувањето на Извештајот следува само неколку недели откако во јавноста се појавија информациите за тоа дека е отворена истрага за искористувањет

Пронајдете не на следниве мрежи: