Донесете ни подарок во плико, или да не ве видам на свадбата!

Она што особено последната деценија зема замав меѓу младоженците е слободно да си ги искажат своите желби каков подарок сакаат да добијат од најблиските, а тоа ни повеќе ни помалку е само пари.Оној миг кога младите ја крунисуваат својата љубов со брак и прават прослава за своите најблиски е еден свечен чин и е еден од најсреќните моменти во животот. Она што особено последната деценија зема замав меѓу младоженците е слободно да си ги искажат своите желби каков подарок сакаат да добијат од најблиските, а тоа ни повеќе ни помалку е само пари.
Креативноста на младите оди дотаму што стриктно во пликото се нагласува дека како подарок примаат само пари. Некои од поканите се дотолку креативни што на нив идните сопружници ставиле слики од пегла, садови, микробранова, постелнина кои ги пречкртале со црвено, а зелено само го обоиле пликот за пари. Повозрасните граѓани пак раскажуваат дека порано се кревала цела фама околу изборот на подарокот, па се здружувале и роднини за да купат нешто поголемо, но се радувале бидејќи предметите се опипливи и младоженците ќе ги имаат засекогаш, додека парите ќе се потрошат.
– Се запрепастивме кога добивме плико на кое беа пречкртани подароците, а само со зелено обележан пликот. Нормално дека кога одиме на ваква прослава ќе им подариме нешто за младите, но иако и нив ги разбирам бидејќи вака со парите ќе може да си купат што сакаат, морам да признаам дека ваквото потенцирање во поканите по подарокот да биде пари ме навредува по малку. Можеби некој и нема многу пари, па можеби некој посимболичен подарок сака да им однесе на младите, а вака го ставаат во незгодна ситуација. Токму поради тоа неретко слушаме и како некој однел празен плик на свадба, раскажува скопјанката Елеонора А.,  за Вечер.

Социолозите сметаат дека свадбите сега стануваат се повеќе рутински, а ја губат симболиката. Дел од ова како што велат се должи на она што го носи новото време, дел на еден начин материјално се помагаат младите.
– Се сеќавам порано на свадба во шеесеттите се носеа тепсии, тенџериња и тогаш подарокот имаше симболично значење, но денес го нема тоа значење, туку го има дека оној што влегува во брак пријателите треба материјално да го помогнат и од тој аспект овој начин има смисла. Сега дури ни цвеќиња не се носат на свадба бидејќи и нив ги фрлаат и не ги носат дома. Сега сите се редат со пликото во рака, еден е задолжен од младоженците да ги зема пликоата и свадбата трае два часа што потсеќа на една рутина. Парите се безлични, вели социологот Илија Ацевски.
Според него предноста од оваа церемонија е што таа се поедноставува, не мора да се оди по продавници да се бара подарок, но се губи симболиката и нешто да им се остави на младите што ќе го паметат. Ако им подариш сега предмети тие одат и ги менуваат по продавници, вели тој.Оној миг кога младите ја крунисуваат својата љубов со брак и прават прослава за своите најблиски е еден свечен чин и е еден од најсреќните моменти

Пронајдете не на следниве мрежи: