ДОСТА ВЕ ЛАЖЕА: Пробиени се митови за здравје во кои сите СЛЕПО ВЕРУВААТ

Сите ние илјадапати до сега сме слушнале дека шеќерот предизвикува хиперактивност, дека црниот леб е поздрав од белиот, дека газираните сокови предизвикуваат дијабетес и дека претераното гледање на ТВ го уништува видот…Меѓутоа, дали сте се запрашале колку тоа е навистина точно? Продолжете да читате и дознајте.1. Дали маслиновото масло спречува срцеви заболувања?
Краток одговор: Да.
Маслиновото масло е добро за здравјето поради полифенолот, антиоксидант кој го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак.
Но, за маслиновото масло навистина да биде лековито , морате да купите свежо масло со висок квалитет, кое содржи високо ниво на полифенол. Поголемиот број маслинови масла кои се достапни во продажбата, содржат ниско ниво на полифенол поради лошата обработка на маслинките и неправилно складирање.
2. Дали сирупите за кашлица се ефикасни?
Краток одговор: Не.
Лекарите во 2006. се согласија дека поголемиот број на сирупи за кашлица не се ефикасни. Овие обоени сирупи во глевно содржат премали дози на кодеин и декстрометрофан за да бидат ефикасни.
Изгледа дека се ефикасни сирупите кои во себе содржат само постари антихистаминици.
3. Дали шеќерот предизвикува хиперактивност?
Краток одговор: Не.
Една студија од 1996 година, која  собрала резултати од 23 студии, заклучи дека шеќерот не предизвикува никакви „бихевиорални и когнитивните промени кај децата.”
Прастариот мит за тоа дека децата се немирни кога ќе изедат поголеми количини на слатки, колачи и други закуски може да биде поврзан со видот на ситуацијата во која обично се служат овие деликатеси. На пример, децата се многу поактивни за родендени и празници, кога слатките им се многу подостапни.
4. Дали газираните сокови доведуваат до дијабетес?
Краток одговор: Да.
Голема студија на Американско медицинско здружение од 2004, открива дека жените кои пиеле еден или повеќе газирани сокови дневно, имале 83% поголеми шанси да добијат дијабетес тип2 од оние кои ги консумирале само 1 месечно.
5. Дали ви е потребна крема за сончање со фактор поголем од 30?
Краток одговор: Не.
Кремите за сончање со фактор за заштита 30 SPF блокираат околу 97% од ултравиолетовите зраци, додека оние со фактор преку 30 блокираат помеѓу 97% и 98%.
Важно е да нанесете голема количина на крема за таа да делува како што треба.
6. Дали зрнестите плодови дебелеат?
Краток одговор: Не.
Околу 75% од зрнестите плодови како што се оревите, се масти. Но, не значи дека мастите дебелеат. Многу поважна е големината на порцијата, а таквите плодови се полни со здрави масти кои брзо заситуваат. Исто така се одличен извор на протеини и влакна.
Едно истражување открива дека бадемите содржат 20% помалку калории отколку што се мислеше порано, бидејќи маснотиите кои ги содржат брзо се излачуваат од телото.
7. Дали одењето е ефикасно колку и трчањето?
Краток одговор: Да.
Истражувањата покажале дека времето на вежбање (т.е. количината на калориите кои ќе ги согорите) се поважни од интензитетот на вежбањето. Трчањето е секако поефикасен облик на вежбање, но не и подобар.
8. Дали овошните сокови се здрави колку и овошјето?
Краток одговор: Не.
Поздраво е да изедете цело овошје, отколку да испиете свежо цеден сок од истото овошје. Кога овошјето ќе се исцеди, се отстранува кората и поголемиот дел од внатрешноста и се губат бројни здрави состојки како што се влакна, калциум, витамин Ц и други антиоксиданси.
9. Дали сите црни лебови се подобри од белите лебови?
Краток одговор: Не.
Не се сите црни лебови исти. Црниот леб направен од цело зрно е поздрав од белиот леб, но некои црни лебови се само обоен бел леб.

 
10. Дали може да се разболите во џакузи?
Краток одговор: Да.
Џакузито посебно оние во спа центрите , теретаните и хотелите се вистинско легло на бактерии. Водата во нив не е доволно топла да ги уништи бактериите, а е вистинска температура за уште побрзо размножување на микробите. Иако во џакузи се става хлор, ова средство за дезинфекција тука побргу се разложува поради топлината, отколку во базените.
11. Дали кафето предизвикува рак?
Краток одговор: Не.
Истражување од 80-тите кафето го доведе во врска со настанувањето на рак на панкреас, но прелиминарните резултати од ова истражување подоцна се разоткриени.
Неодамнешните студии покажале дека кафето може да има бројни позитивни ефекти врз здравјето – го намалува ризикот од дијабетес тип 2, Паркинсонова болест, рак на црниот дроб, па дури и самоубиство.
12. Дали јајцата го подигнуваат нивото на холестерол?
Краток одговор: Не.
Иако жолчките се богати со холестерол, истражувањата покажуваат дека заситените масти имаат многу поголемо влијание на зголемувањето на холестеролот во крвта отколку храната која содржи холестерол.
13.Дали можете да испиете премногу вода?
Краток одговор: Да.
Исклучително ретко се случува некој да умре од премногу вода, но можно е. Најчесто на спортистите им се случува да претераат со вода. Преголемата количина на вода доведува до растварање на натриум во крвта, што предизвикува хипонатремија. Симптомите на хипонатремија вклучуваат мачнина и збунетост, а во екстремни случаи можат да доведат до епилептични напади и смрт.
За да го избегнете ова, пијте течности со електролити кога интензивно вежбате.
14. Дали јогуртот помага при дигестивните проблеми?
Краток одговор: Да.
Дигестивниот тракт е полн со микроорганизми, од кои некои се добри, а некои лоши. Јогуртот содржи добри бактерии, кои воопштено се нарекуваат пробиотици и помагаат во одржувањето на балансот. Пробиотиците помагаат со бројни гастроинтестинални проблеми, вклучувајќи запек и дијареа.
15. Дали пастите за избелување заби ги избелуваат забите подобро од останатите пасти?
Краток одговор: Не.
Пастите за избелување на забите обично содржат пероксиди и други силни абразивни средства кои прават забите да изгледаат побели со тоа што ги отстрануваат дамките За разлика од лентите и геловите  за избелување кои содржат избелувачи, овие пасти всушност не ја менуваат бојата на забите.
16. Дали е безбедно во микробранова да ставате храна во пластични садови?
Краток одговор: Да.
Но, на пластичниот сад би требало да пишува дека е безбеден за во микробранова. Ова значи дека садот е тестиран и дека хемикалиите од кои пластиката е направена нема да навлезе во храната за време на загревањето во микробранова. Ако хемикалиите навлезат во микробрановота, нивната количина е занемарлива и не го загрозува нашето здравје.
17. Дали гледањето на ТВ може да ви го расипе видот?
Краток одговор: Не.
Овој застарен мит е сосема неточен. Телевизорите пред 50-тите емитувале радијација која можела да го зголеми ризикот за проблеми со видот после претераното гледање. Модерните ТВ апарати имаат заштита која го блокира ова штетно зрачење.
18. Дали црното вино е поздраво од белото?
Краток одговор: Да
Црното вино содржи многу повеќе  ресвератрол, кој е антиоксидант кој се наоѓа во кората на зрното на грозјето и помага во борбата против болестите поврзани со стареењето.
19. Дали флашираната вода е подобра од водата од чешма?
Краток одговор: Не.
Недамнешна студија од Универзитетот Глазгов открива дека поголема е веројатноста дека флашираната вода е позагадена отколку водата од чешма. Флашираната и водата од чешма обично доаѓаат од ист извор – од природни извори и езера. Додека водата од водовод се тестира од загаденост секој ден, произведувачите на флаширана вода имаат обврска својата вода да ја тестираат само на одредени загадувачи, и тоа само на неделно, месечно или дури и годишно ниво. 1. Дали маслиновото масло спречува срцеви заболувања?
Краток одговор: Да.
Маслиновото масло е добро за здравјето п

Пронајдете не на следниве мрежи: