Двојазичноста ќе ги наруши македонските позиции во преговорите со Грција

Мојата проценка е дека албанските партии стриктно ќе се држат до дострелите на т.н. Тиранска платформа. И за нив основно е да се донесе Законот за јазици, истакна во гостувањето во ТВ Нова универзитетскиот професор, Љупчо Ристевски.Вели дека амандманот 10 во Уставот кој се донесува со просто мнозинство во Собранието, еднаш беше променет во 2008., во 2011. се прошири правото на етничките заедници да говорат на својот мајчин јазик на седниците на Собранието.
-Иако е тајна и нетранспарентна содржината на усогласениот текст за предлог-законот за употреба на јазиците меѓу СДСМ и партиите од албанскиот политички корпус претпоставуваме дека првото барање ќе биде седниците да се водат на албански јазик, што се коси со одредени законски процедури. Но, тие се решени да го направат и тоа ќе оди на таков начин, каков што тие тоа го замислиле, посочи Ристевски.
Според него, исто така во овој предлог-закон, најавите се дека истиот ќе може да се употребува на сите државни нивоа. Тоа значи, вели професорот, дека и во владините структури, и во Министерствата, Министрите ќе можат, да претседаваат, да водат и да работат на албански јазик. Тоа е, како што вели, фактички вовед во една билингвална Македонија.
-Знаете дека јазикот е една од идентитетските одредници на нацијата и мислам дека тоа е еден опасен преседан во оваа фаза, зашто тоа ќе ни го одземе аргументот во преговорите со Грција. Ние во преговорите со Грција кога разговараме за идентитетскиот проблем, наш прв државен приоритет и интерес од највисок  ранк, од највисок степен е да ја обезбедиме придавката „македонски“ за меѓународна употреба, потенцира Ристевски.
Но според него, со ваквиот концепт на постепено воведување на билингвална Македонија, ние го одземаме еден од компонентите на идентитетот во преговорите со Грција и ние нема да можеме да се избориме за ерга омнес – употреба на придавката „македонски“ во меѓународни рамки.
-Ќе останеме Македонци само за Република Македонија, само за внатрешна употреба, што е стратегиски и историски една грешка. Утре можеби некоја генерација тоа ќе го прогласи за велепредавство, вели Ристевски.
 
Вели дека амандманот 10 во Уставот кој се донесува со просто мнозинство во Собранието, еднаш беше променет во 2008., во 2011. се прошири правото на

Пронајдете не на следниве мрежи: