Eве колку заработуваат македонските работници во просек

Просечната македонска плата во мај изнесувала 26.390 денари.
Податоците ги објави Државниот завод за статистика и тие покажуваат раст од 4,4 отсто во однос на мај минатата година.  Најголемо зголемување на плати има во дејноста информации и комуникации. Исплатената просечна плата во мај во оваа дејност била 53.704 денари и забележала раст од 23,7 отсто.
Раст од 12,3 отсто е забележан и кај платите на вработените во образованието, каде просечната плата во мај изнесувала 27.196 енари.


Во дејностите на здравствена и социјална заштита има раст од 8,1 отсто и исплатената просечна плата по врабоен изнесува 31.492 денари.
Во финансиската дејност, просечната плата во мај изнесувала 43.731 денар, во административни и помошни услужни дејности 19.722 денари, во дејноста уметност, забава и рекреација 20,698 денари, во трговијата 23.898 денари.
Во индустријата просечната плата во мај била 29.112 денари, кај услугите 29.065 денари, земјоделските дејности 21.540 денари, рударство 35.656 денари, преработувачка индустрија 21.270 денари.
Просечна плата од 48,280 денари е исплатена во производството на фармацевтски производи, во градежништвото просекот бил 25.062 денари, во транспортот 24.279 денари
Бруто износот по вработен, во просек во мај 2020 година, изнесувал 39.398 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.