е-Твининг работилница за професионален развој во Охрид

Националната агенција за европско образование и мобилност објави конкурс од 4,7 милиони евра за едукација и модернизација на образованието22.11.2015, Охрид – Зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието и подобрување на конкурентноста на човечкиот потенцијал и на националната економија беше една од целите на e-Tвининг семинарот што, од 20-22 ноември, се одржуваше во Охрид. Во рамките на овој семинар се одржуваа низа работилници за професионален развој и стекнување на вештини и искуства кои се бараат на интернационалните пазари на труд.
е-Твининг семинарот е во организација на националниот сервис за поддршка на Република Македонија во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и е-Твининг Националниот сервис за поддршка на Република Турција. На семинарот присуствуваа над 100 лица од 19 земји: Македонија, Србија, Словенија, Шведска, Белгија, Холандија, Литванија, Финска, Норвешка, Германија, Австрија, Естонија, Исланд, Латвија, Данска, Франција, Португалија, Словачка и Турција. Преку различни работилници, на кои беа споделени искуства и можности од повеќе земји, присутните имаа можност да ги осознаат најновите искуства во образованието, но и можностите за обуката и младинската работа, да добијат основни информации за начинот на кој можат да се вклучат и да ги искористат поволностите што ги нуди програмата.
е-Твининг семинарот е дел од Еразмус плус програмата во чии рамки се организираат низа активности во повеќе градови во Република Македонија во насока на што поголемо промовирање на можностите и програмите за доедукација, волонтерска работа и стекнување практични работни искуства во земјите од Европската Унија. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во чии рамки се одвиваат активностите на Еразмус плус програмата годинава обезбеди 4,7 милиони евра за аплицирање на едукативни програми во земјите од ЕУ. Конкурсот за пријавување е во тек.
Во насока на приближување на можностите на овие програми за реалниот сектор, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Стопанската комора на Република Македонија одржа две работилници во чии рамки беа претставени можностите. Шест македонски компании веќе ги користат можностите на оваа програма и имаат испратено свои вработени на обуки и практична работа во земјите на ЕУ. Можностите на Еразмус плус програмата ги искористија и лекарите од Универзитетската клиника за детски болести од Скопје. Имено, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Клиниката за детски болести потпишаа договор за грант во износ од 53.283 илјади евра. Со средствата од овој грант, 14 вработени од Клиниката ќе имаат 30 дневна обука во Центарот за обука Regens Wagner Absberg во Германија.
За дополнителни информации: ImagePR / [email protected] / (02) 3298 48622.11.2015, Охрид – Зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието и подобрување на конкурентноста

Пронајдете не на следниве мрежи: