Ефтим Гашев: НАШАТА КАУЗА-Бунтот на Бунтовниците!

Лидерот на „Бунт“, Трајко Попов беше познат, почитуван и неограничено ценет по својата храброст, патриотизам и борбеност во целата скопска околија, како во скопските маала-Чаир, Крњево, Топаана.На Петтата конференција на КПЈ, одржана од 19 до 23 октомври 1940 година во Загреб, македонската делегација предводена од секретарот на ПК, Методија Шаторов-Шарло, беше прогласена како националистичка, поради тоа што делегацијата се спротивстави на кралскиот југословенски закон за колонизација на Македонија, за кој проект програмски се залагаше и КПЈ. За попластично да се илустрира атмосферата во кралска Југославија, во сегментот на дејствувањето на КПЈ и релацијата со Коминтерна по македонското прашање, ќе го наведеме цитатот од Историјата на Сојузот на комунистите на Југославија – (1985 година) :
„Националната програма на КПЈ усвоена на Третата земска конференција (Белград, 1-4 јануари 1924 год.) потврдена на Петтиот конгрес на Коминтерната, одржан од 17 јуни до 8 јули 1924 год., но со една суштинска промена-правото на самоопределување на секој народ мора да дојде до израз во паролата „отцепување на поробените народи и создавање на одделни држави“… „Заклучено е, општата парола на КПЈ во врска со правото на самоопределување да мора да се изрази во форма на одделување на Хрватска, Словенија и на Македонија од Југославија и создавање на независни републики“ (стр. 98, 99). Во таква кошмарна политичка клима, македонскиот народ иако окупиран, не беше индолентен кон својата национална и политичка иднина. Но, и покрај националниот ентузијазам, не суштествуваше адекватна, сеопфатна програма на еден општонароден фронт за организирано спротивставување на окупаторот. И покрај сета трагедија, метафорично речено, на крајот од тунелот се наѕираше искрата на надежта, олицетворена во идејата на традиционалната ВМРО. Во индивидуални и групни размислувања се роди идејата за создавање на еден национално-политички пропаганден актив за ширење на идејата за македонската државност, а со самото тоа, борба против големосрпската и големобугарската асимилација.
Така, една група скопски ентузијасти, национално македонски дефинирани, се определуваат за создавање на Македонското национално движење – „Бунт“. Тоа се случи на 30 мај 1938 година во Скопје, на иницијатива на Трајко Попов од село Раштак, скопско, и студентот Борислав Градишки од Скопје.
„Бунт“ не беше класична политичка организација, туку нелегален национално-пропаганден актив, без формална хиерархиска поставеност. Програмата и целите се подразбираа и од самиот назив на движењето, во чии постулати беа вградени целите на централистичката ТМОРО, приспособени на политичко-економските услови на времето. Национално дефинирани како Македонци, активистите на „Бунт“ се спротивставуваа и на големобугарската кауза на ренегатот Ванчо Михајлов за самостојна Македонија, „држава на македонските Бугари“. Окупираните, Егејскиот, Пиринскиот и Малопреспанскиот дел од Македонија, „Бунт“ ги сметаше како составни делови на единствена Македонија.
За илустрација на овие настани ќе се послужиме со искажувањата на Борислав Градишки, еден од основоположниците и идеолозите на „Бунт“. Тој се сеќава на имињата на некои од активистите од тоа време: Димче Недев, Никола и Борис Блажеви, Димче Жабев, Славе Начов, Славе Георгиев, Ѓорѓи Зафировски, Стојан Вуканов, Борис Пешев, Караџа Ристевски, Дончо Рибарски, Киро Стојанов, Тодор и Панче Андрееви, Киро Трајковски-Бавчански, Благоја и Коста Костови, Киро Мошо, Благоја Дилберов, Никола Попов, Трајко Попов, Ефтим Чешмеџиев, , браќата Крсто, Томе, Благоја и Круме Мирчевски, Киро Јорданов и други.
Активот се ширеше низ Македонија, па еве и некои имиња од Штип: Ангел Анџакара, браќата Панови, Трајко Патраклиев, Небојша Митревски, Сотир Грне и други.
Од Куманово: Благе Каранфилски, Темелко Тошевски, Бранко Димовски…Борислав Градишки ќе напомене дека заедно со Трајко Попов имале контакти и разговори со познати скопски комунисти Цветан Димов, Орце Николов-Морнарот, Коце Стојановски-Металец, Боро Чушкар, Киро Црногорски, Панче Кондев и др.
Се дејствуваше агитациски, ширејќи ја националната идеја, ползувајќи при тоа најразлични форми и методи; какви што беа селските слави, собори и панаѓури, семејните верски празници, каде пред доверливите пријатели се читаше и илегална револуционерна и патриотска поезија на македонски јазик (Б. Градишки, К. Трајковски-Бавчански, С. Таневски) . Истомислениците повремено се собираа на илегални средби каде што долго се дискутирало и оформувало неформалната програма. Се пишуваа куси летоци и растураа по маалските дворови, а позната е и политичката манифестација, кога пред скопскиот француски конзулат, при доаѓање на висок француски функционер, група од десетина активисти на „Бунт“ извикуваа: „Македонија! Македонија! Либерте! Либерте!“.
Лидерот на „Бунт“, Трајко Попов беше познат, почитуван и неограничено ценет по својата храброст, патриотизам и борбеност во целата скопска околија, како во скопските маала-Чаир, Крњево, Топаана.
Истовремено, во тогашната јавност тој беше познат и како раководител, играорец и кореограф на најпознатата македонска играорна група „Раштак“, која со турнеите низ повеќе европски земји ги презентираше македонските песни и ора, како и богатството на фолклорот и носијата.
cНа Петтата конференција на КПЈ, одржана од 19 до 23 октомври 1940 година во Загреб, македонската делегација предводена од секретарот на ПК, Методиј

Пронајдете не на следниве мрежи: