Еве како Facebook може да ви ја уништи врската!

Facebook нуди многу забава, поттикнува насмевки, создава пријателства и љубовни врски, одржува пријателски контакти, но исто така понекогаш причинува солзи, љубовни расправии и разделби. Facebook е интересен кога се користи за флертување и за размена на романтични пораки, но воопшто не е забавен кога станува стимулатор на љубомора и сомнежи кои полека, но сигурно ја убиваат врската.
Еве како Facebook на негативен начин навлегува во љубовниот живот на луѓето, ја храни љубомората на партнерите и ѝ се заканува на врската:
 
Постојано „шпионирање“ на неговиот ѕид. Оваа Facebook активност е „заразна“ и никогаш не носи ништо добро. Ако постојано анализирате на кого вашиот партнер му ставил лајк, на чија фотографија коментирал, со кого станал пријател, сигурно ќе си најдете причина за кавга. Женскиот мозок е чудна машина која постојано анализира, нагодува и смислува приказни, па ако му дозволите, тој може и еден обичен коментар како „Среќен роденден“ да го протолкува како флерт.
Провалување во неговиот профил без дозвола. Ако ова е ваша навика, искоренете ја веднаш! „Ѕиркањето“ во неговиот профил без дозвола е доказ дека не му верувате, а без доверба, секоја врска е осудена на пропаст. Заборавил да се одјави од Facebook? Потиснете ја љубопитноста и не фрлајте поглед во неговиот приватен виртуелен простор, бидејќи голема е веројатноста дека ќе си навлечете непотребни мисли, грижи и проблеми.

Означени (тагнати) фотографии со бившата. Од оваа Facebook закана најчесто страдаат свежите врски. Додека некои жени на мирен начин го решаваат овој проблем, други ја губат довербата во партнерот, започнуваат да се сомневаат, да му враќаат во иста мера и дозволуваат невниманието од негова страна да ја уништи новата кревка врска.
Делењето лајкови. Неговата колешка објавила фотографија во костим за капење, а тој притиснал „Ми се допаѓа“. Вашата реакција веројатно ќе се сведе на: „Што значи сега ова? Дали тој флертува? Смета ли тој дека таа има поубаво тело од мене?…“ Исто така и од негова страна може да се појави љубомора или несигурност поради вашите доделени лајкови.
Откривање на тајни пораки во интимното катче наречено Inbox. „Ненамерно“ се најдовте во неговото поштенско сандаче на Facebook? Тогаш може да откриете тајни женски пораки за кои не сте ни знаеле дека постојат. Честитки за роденденот од бившата, покана за кафе од неговата „најдобра пријателка“, невини закачки од новите пријателки и колешки… Во ваков случај, прво, не правете од мува слон, а второ, бегајте што побрзо оттаму и не се враќајте. Неговите пораки се приватни, исто како што се и вашите. Сигурно не сакате тој да ѕирне кој и што ви пишува вам. А кога сме кај вашиот Inbox, НИКОГАШ не заборавајте да се одјавите кога станувате од компјутер и не ја споделувајте лозинката со никого.Facebook е интересен кога се користи за флертување и за размена на романтични пораки, но воопшто не е забавен кога станува стимулатор на љубо

Пронајдете не на следниве мрежи: