Еве како Срѓа Поповиќ и Канвас станаа терористичка организација!

Блиските американски сојузници, Обединетите Арапски Емирати, објавија список од 82 организации кои во таа држава се сметаат за терористички.Меѓу организациите кои се означени како терористички, се наоѓаат, меѓу останатите Муслиманското братство, Ал Ислах, Фатај ал Ислам, Ал Каеда, сомалискиот Харакат ал Шабад ал муџахедин, британската Кордоба фондација, нигериската Боко Харам, Хезболах, Исламско движење Узбекистан, Ал Нусра фронт од Сирија, како и други групации од Сирија, а од Европа се: Здружението на муслимани во Велика Британија, Исламската заедница во Германија, Муслиманската лига на Белгија, Здружението на муслимани на Италија, Исламското здружение на Финска, Здружението на муслиманите во Шведска, Сојузот на исламски огранизации во Франција.
На оваа листа се наоѓа и српската Канвас, чиј лидер е Срѓа Поповиќ, а која според ОАЕ е окарактеризирана како терористичка организација. Канвас е организација која е основана во 2004 година и која има искуство во рушењето на власта на Слободан Милошевиќ, која подоцна се шири и во други земји во борбата против авторитативни режими.
Американски револуционери. Што е всушност Канвас?
Канвас е организација основана во 2004 година, со цел на другите земји да им ги пренесе искуствата во борбата против авторитативните режими. И навистина се посветени на работата. За почеток, ќе тргнеме од „Октомвриската револуција“ во Србија и Отпорот, кој е претставуван како самостојна организација на активисти зад чии маски се кријат посериозни работи, што признаваат и самите западњаци.
„Во принцип, операцијата (во Србија) беше јавна и финансирана со донации од американскиот Конгрес во износ од околу 10 милиони долари за 1999 година и 31 милион долари за 2000 година. Некои од Американците, коишто биле вклучени во напорите за рушење на Слободан Милошевиќ изјавиле дека биле свесни за активностите на ЦИА во таа кампања, но дека не можеле точно да утврдат какви намери има Агенцијата“ – се наведува во еден текст кој во 2000 година беше објавен во Вашингтон пост.
„Водечка улога имаа Стејт департментот и Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), кои ги канализираа фондовите преку комерцијални преговарачи и непрофитни групи како што се Националниот фонд за демократија (НЕД) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ)“  – се додава во текстот.
Имињата на овие организации треба добро да се запомнат, бидејќи играат клучна улога во сите „обоени револуции“.
Отпорот се покажа како толку успешен, што беше одлучено оваа организација да се вклучи во демонстрациите во Украина во 2004 и да помогне во примена на шаблонот којшто оригинално е спроведен во Србија, овој пат со американска финансиска помош од 65 милиони долари.

„Ги обучувавме како да воспостават организација, како да отворат локални ограноци, како да направат бренд, да смислат лого, симболи и клучни пораки. Ги обучувавме како да ги откријат клучните слабости во општеството и кои се најголемите проблеми на граѓаните, односно кој би можел да биде мотивирачкиот фактор за народот, пред сѐ за младите, да излезат на гласање и на тој начин да ја формираат нивната иднина“ – изјавил во декември 2004 година за Радио Слободна Европа еден од активистите на Отпорот, односно Канвас, Александар Мариќ, кој во повеќе наврати престојувал во Украина.
По Украина, повеќе немаше граници за Канвас. Следеле ангажмани во сите земји каде што требала да се смени власта која е недемократска, авторитативна или корумпирана само затоа што не им одговара на американските интереси – од Јужна Америка, преку Источна Европа до Северна Африка и Блискиот Исток.
Главен доказ за поврзаноста на Канвас и Срѓа Поповиќ со американските разузнавачки структури е преписката помеѓу оваа организација и нејзиниот лидер со американската разузнавачка и консултантска фирма Страфор, која своите услуги им ги продава на фирмите, меѓу останатото и на американската морнарица. Благодарение на Викиликс, беше утврдено дека Поповиќ е во блиска врска со еден од извршните директори на ноторната мултинационална инвестициска банка Голдман Сакс, која е симбол на неолибералниот глобалистички капитализам.
Во пораките напишани помеѓу 2007 и 2010 година, активистите на Канвас се опишани како поранешни членови на „Отпор“, „децата“ кои откако беше соборен Милошевиќ, се ставија во костуми и го основаа Канвас.
„Тоа е импресивна група. Тие одат, формираат акција во таа земја и се обидуваат да го соборат системот. Кога се користат соодветно, тие се посилни од една борбена група на авиони“ -стои во една од пораките за Канвас напишана од Стратфор, објави Викиликс на 25 ноември.
На самиот сајт на Канвас стои дека „суштината на нивната работа е ширење на свеста за силата на народот низ светот, за да се остварат победи над овој или оној диктатор“.
Меѓу бројните „ненародни“ и „тирански“ режими во чии рушења учествуваше Канвас, посебно се истакнуваат личности кои биле омилени меѓу народот, но многу неомилени во вашингтонските политички и бизнис кругови. Односно, светските лидери коишто се залагаат за глобална револуција наспроти глобалистичката револуција која ја предводат САД.

Како Отпор стана Канвас?
Движењето Отпор е формирано во октомври 1998 година како одговор на новите закони за универзитетите и медиумите кои не им одговараа на студентите. Во почетокот, активисти на Отпор имаше само на Универзитетот во Белград. По бомбардирањето на Сојузна Република Југославија од НАТО, Отпор започна со политичка кампања против југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ. За време на претседателската кампања во септември 2000 година, Отпор ја почна својата кампања, „Готов е“, изразувајќи незадоволство од Милошевиќ. Оваа кампања е една од клучните потези кои придонесоа за падот на владата на Милошевиќ. Отпор во врвот на својата активност имаше повеќе од 70.000 активисти.
The New York Times пишува дека Отпор функционирал благодарение на големиот прилив на пари првенствено од САД. Само еднa американска организација за соборување на Милошевиќ доделила 25 милиони долари. Отпор, според Њујорк Тајмс, за една година потрошил неколку стотици илјади долари.
Даниел Карингарт од Меѓународниот републикански институт тврди дека нивниот Институтот дал 1.800.000 долари во 2000 година.
По падот на Милошевиќ, движењето вети дека ќе се бори против корупцијата. Сепак, изгуби многу активисти, бидејќи имаше помали цели од висока вредност на Милошевиќ, и со падот на тензиите во општеството се намали и интересот за отпорот. Отпорот се трансформира во политичка партија и на парламентарните избори во 2003 година, освои само 62.116 (1,63%) гласови. На крајот, Отпор се претопи во Демократската партија (предводена од Борис Тадиќ) во септември 2004 година. Следејќи го примерот на Отпор, формирани се многу про-западни организации во Грузија, Украина, Албанија, областа Оброн во Русија, Узбекистан, Либан, Хрватска, Киргистан, Египет.
Канвас во Македонија – Школа за активно граѓанство на УСАИД и СОРОС
Прв пат Канвас се промовира во Македонија во 2009 година на обука организирана од групацијата Форум, а како промотори се Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски. Обуката е одржана во Охрид и на неа предавањата ги врши лично Срѓан Поповиќ. Потоа се прави разгранување: направени се неколку групи од школуваните активисти кои започнуваат нови обуки на нови активисти. Обуките се одржуваат во хотелот Романтик во Велес и целиот овој процес трае три години, до 2011 година, со обуки и предавања од по неколку дена два пати годишно.
Обуките се наречени „Школа за активно граѓанство“ и има вкупно 6 генерации активисти кои изгледоа обучени од Канвас. Покрај промоторите Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски, како едни од главните предавачи во Македонија се и Соња Исмаил и Зоран Бојаровски, дел од групацијата Форум. Финансиери се СОРОС и УСАИД.
Од 2011 година наваму, почнува собирање на идеите од активистите – каде може да се примени наученото и каде може да се организираат наводно ненасилни протести кои директно ќе бидат финансирани од СОРОС и УСАИД. Првиот ваков протест е за Мартин Нешковски во 2011 година.
Следуваат Паркобраните кај хотел Бристол, протестите на стечајците, на хонорарците, а особено студентскиот, средношколскиот, наставничкиот, новинарскиот и другите пленуми го имаат потписот на Канвас…
Членовите на Студентскиот пленум во декември 2014 добија обука и тренинг од Иван Маровиќ вработен во Канвас, дел од некогашен Отпор. Обуките се одржуваа во декември 2014 и јануари 2015 во Скопје, во групи од 20-тина одбрани активисти на Студентскиот пленум. Протестите кои потоа уследија исто така го имаа потписот на Канвас и некогашниот Отпор: Кругот, кој го носеа студентите над глава!
Срѓа Поповиќ три пати дојде во Скопје да надгледува, управува и советува со Бомбите и протестите на опозицијата: во март 2015, на крај на април 2015, почеток на мај 2015.
Активностите на Канвас во Македонија сѐ уште траат…Меѓу организациите кои се означени како терористички, се наоѓаат, меѓу останатите Муслиманското братство, Ал Ислах, Фатај ал Ислам, Ал Каеда, сомал

Пронајдете не на следниве мрежи: