Февруарски Поход

Гордост и Чест е да кажеме дека ова се нашите предци. Слободата на македонскиот народ не е подарок туку напротив Крваво заработена со сопствени раце ! Во рамките на операциите на големиот Февруарски поход се подразбираат борбените дејства што ги изведуваат единиците на НОВ и ПОМ во почетокот на 1944 година, попрецизно од 31 јануари до 24 февруари, кои според интензитетот, целите, начинот на изведувањето и постигнатите резултати, носат белег на исклучително важни историски, политички и воени настани. Борбените дејства се одвиваа на простор што се наоѓа под окупација на Бугарија и го означувa  мигот во развојот на ослободителната војна, кога вооружените сили на НОВ и ПОМ прераснуваат во современи воени формации, подготвени да им нанесат удари на силите на окупаторот со поголеми ефекти. Тие во оваа фаза од борбата поставуваат пред себе стратегиски задачи од пошироки димензии и со јасни цели за преземање на иницијативата и за свое непосредно присуство во сите делови на територијата на Македонија под окупација. За извршување на Февруарскиот поход одлуката е донесена од страна на военото и политичко раководство во јануари 1944 година, во Егејска Македонија. Одлуката, меѓу другото,е условена од успешниот развој на ослободителната војна, степенот на изграденоста на воените структури и нараснатото движење, што се потврдило на Партиското советување и на Конгресот  одржани на 23 декември 1943 г. во село Фуштани во Егејска Македонија. За полесна оперативна подвижност на болните и ранетите борци било предвидено да се остават на лекување во болниците на слободната територија во реонот на Кожув Планина.

Вака подготвен и осмислен, Февруарскиот поход започнал во последниот ден на јануари 1944 година, а го изведени се три борбени колони на НОВ и ПОМ. Походот се одвивал во траење од 14-22 студени зимски денови на февруари 1944 г. и представува своевидна офанзива на силите на народноослободителна борба, кои од дотогашниот простор на дејствување и собирање во Егејска Македонија и Кожув ги насочиле своите колони кон нови подрачја на територијата на Македонија. Првата македонско-косовска ударна бригада, Втората македонска ударна бригада и Третата група баталјони (составена од баталјоните „Стив Наумов” и „Христо Ботев”) од дотогашниот борбен простор на Кожув во Мегленската област, презела офанзивни активности со кои преминува на нови подрачја, развила борбени дејства и формирала нови жаришта на ослободителната вооружена борба.Во рамките на Февруарскиот поход, Првата македонско-косовска ударна бригада за 14 дена ја остварува „Богомилската епопеја“. Таа непрекинато во борбен движечки строј, при температури под -10°, висок снег и виулици, на планински гребени високи над 1.000 м, преку тешко проодните масиви на Кожув, Мариово, Дрен, Мукос, Азот, Порече и Бабуна, со постојан судир со непријателот кај селото Никодин, па до Орешка Чука кај Богомилскиот тунел и назад до преминот на Црна Река и влегувањето на теренот на Мариово. Должината на маршот била над 260 км или, просечно, дневно по 18км, со совладување на просечна висинска разлика од 800 м. Пробивот на Првата македонско-косовска бригада на овој простор, неспособноста на окупаторот да ја разбие и да ја уништи, имала силен одглас, не само на овој простор туку и пошироко во Македонија, а и во балкански размери. Втората македонска ударна бригада, во остварувањето на задачите што и биле поставени во рамките на Февруарскиот поход, дејствувала по делови, покривајќи го просторот на Кожув, Тиквеш и Мариово, со значајни активности од диверзантски карактер на пругата Гевгелија–Демир Капија. Со своето присуство во селата, по текот на река Бошава, на висорамнината Витачево и кон Мариово, придонела за растурање на окупационата власт во селата, Третата група баталјони наполно ја оствари поставената цел: да излезе на подрачјето Козјак– Црна Трава–Скопска Црна Гора и да се поврзе со партизанските единици кои дејствуваат на тој простор. Оваа група имала мошне долг и тежок марш, придружен со многу неизвесности и изненадувања, зашто не постоеле сигурни и добри информации за состојбата во подрачјата низ кои минувала. При маршот, групата, по откривањето на нејзиното присуство, била попречувана од дејствата на непријателот. Тешки борби се развиле пред преминувањето на Брегалница, кај селото Пекљане и Калиманско Поле, а послаби при преминувањето на Крива Река и движењето кон Герман Планина. маршот бил со големата далечина, над 440 км, со значителни висински разлики, во зимски услови.И покрај сите тешкотии и препреки покрај суровите зимски услови Македонските борци јуришаат кон победата и слободата, а со тоа се создале и услови за по неколку месеци да се одржи првото заседание на АСНОМ 
 
Д.Божиновски
Во рамките на операциите на големиот Февруарски поход се подразбираат борбените дејства што ги изведуваат единиците на НОВ и ПОМ во почетокот на 19

Пронајдете не на следниве мрежи: