Фото: Кога ќе видите во што се варат овие јајца НЕМА ДА ВИ БИДЕ ДОБРО!

Ова што го гледнате на фотографиите се јајца и не се варат во вода, туку во нешто сосем друго.Во градот Донјанг на исток во Кина десетици продавачи на јајца се подготвуваат да направат необично пролетно јадење, исклучително популарно во тој град.
Кофи и канти полни со урина од деца се собираат од основни училишта во околината бидејќи урината е клучна состојка за подготовка на јадењето – Јајца на невини деца.
Тие јајца се подготвуваат така што се варат во урина од деца, по можност од помлади од десет години. Не постои објаснување поради што е неопходно тоа да биде урина од деца, но тоа е традиција која трае со векови.

Продавачите тврдат дека јадењето има извонредни медицински својства.
– Ако изедеш такво јајце нема да страдаш од сончаница. Добри се за здравјето. Нашето семејство ги јаде секој ден, вели Ге, еден од продавачите.
Јадењето се подготвува цел ден….

 
Прво се ставаат во урината и подоцна се варат во неа. Кога се варат, лушпата се крши и јајцата се „крчкаат“ во урината на тивок оган неколку часа. Цената на едно јајце така сварено е 1,5 јуани, двојно повеќе отколку обичните јајца.

Голем број жители на Донјанг уживаат во специјалитетот и веруваат дека тоа ја намалува телесната топлина, добри се за циркулација на крвта и го освежуваат телото. Лекарите се сомничави за медицинските својства на тоа јадење.
Јајцата не се продаваат само на улица. Голем број семејства сами собираат состојки и ги подготвуваат во своите домови. Локалната Влада предложила „Јајца на невини деца“ да биде на листата на нематеријално културно наследство.Во градот Донјанг на исток во Кина десетици продавачи на јајца се подготвуваат да направат необично пролетно јадење, исклучително популарно во тој

Пронајдете не на следниве мрежи: