Годишен хороскоп за 2016 година!

Годишен хороскоп за 2016 година!Овен
Бидете без грижа, годишниот хороскоп за 2016 за вас предвидува одлична година, затоа што планетите ќе работат во ваша корист. Можеби не сте уште свесни, но во годината пред вас ќе остварите исклучителен напредок откако ќе одредите кои ви се главните приоритети во животот. Емоционално ќе бидете многу силни.
Работа: Периодот од април до септември ќе биде фантастичен. Поработете на хармоничните односи со вработените или пак со соработниците, затоа што така лесно ќе ги остварите вашите професионални цели. Амбициозни сте и останете такви.
Љубов: Овните кои со години самуваат ќе имаат многу можности за нови љубовни приказни. Врските ќе бидат исклучително страствени и магнетски ќе го привлекувате спротивниот пол. Од февруари до мај би требало да ги избегнувате врските кои се базираат само на секс.
Бик
Во текот на годината ќе ги решавате проблемите меѓу вас и светот кој ве окружува. Морате да пронајдете емоционална сила за да постигнете материјален успех. Ќе успеете да се соочите со предизвиците на кои ќе наидете во текот на 2016 година, што ќе ви овозможи да тргнете напред/
Работа: За да напредувате во работата, морате да работите на вашите комуникациски вештини ве советува хороскопот за 2016 година. Ќе ја имате поддршката од вашите надредени, а особен успех ќе постигнете ако не делувате самостојно.
Љубов: Добра вест за Биковите е што оваа година конечно ќе пронајдат партнер кој им одговара. Другата половина на годината ќе биде одлична.
Близнаци
За вас 2016 ќе биде идеална прво да ги довршите започнатите работи а потоа да започнувате нови. Можеби ќе треба да ја промените перспективата. Заземете практичен пристап и не одбивајте помош. Ќе ја подобрите финансиската состојба и ќе имате неверојатна страст во љубовните односи. Ќе имате многу кратки патувања и заминување во странство. Ќе имате многу повеќе самодоверба од претходно на кратко ќе уживате во животот.
Работа: Морате да се фокусирате на завршување на постоечките проекти. За нивното решение побарајте помош од соработниците.
Љубов: Очекувајте турбуленции во емотивните односи. Вие на сосема поинаков начин ќе започнете да ги гледате врските. Тоа особено ќе стане интензивно од август. Емоционално ќе зајакнете а октомви е одчичен за планирање бременост.

 
Рак
Ќе бидете исклучително оптимистични и полни со самодоверба кога станува збор за успех и завршени проекти. Сите недоразбирања во семејството ќе ги решите благодарение на отворениот пристап, но би требало да бидете агресивни на работа и да не се плашите да го кажете своето мислење. Слушајте што внатрешниот глас ви кажува.
Работа: До октомври 2016 сите ваши цели ќе бидат реализирани. Треба да бидете исклучително прецизни во своите барања. Планетите во тој период ќе бидат позиционирани така да ќе може да ги остварите професионалните цели без никакви препреки.
Љубов: Слободните ракови би требало да бидат внимателни од средината на годината ако започнуваат нови врски, затоа што од март до јуни тешко ќе наоѓаат компатибилен партнер. Ако сакате да ја сочувате врската проблемите решавајте ги крајно рационално.
Лав
Ве очекува напредок а и голема доза на оптимизам. Доколку сакате да ја развиете вашата личност во 2016 година и животот да ви се подобри потребно е да го слушате другите луѓе.  Проширете го својот круг на познаници и соработници кои може да ви помогнат на вашиот пат до успехот. Обидете се да ја унапредите духовната сила, а чувајте се и од прекумерно трошење.
Работа: Потрудете се да ја придобиете поддршката и довербата од надредените. Бидете срдечни кон колегите но немојте да се плашите отворено да го кажете своето мислење. Во првите 3 месеци размислете што сте постигнале во кариерата.
Љубов: Слободните Лавови ќе имаат многу шанси да остварат сериозни љубовни врски особено меѓу август и ноември. Меѓутоа на Лавиците им се заканува опасност дека ќе излегуваат со лоши момци па затоа не се впуштајте во сексуални односи затоа што се можни компликации. За оние кои се во врска ги очекува брак или проширување на семејството.
Девица
Вашиот годишен хороскоп за 2016 година наговестува период во кој треба да ја развивате својата креативност и самосвест. Откријте ги своите скриени способности, тие ќе ви помогнат да ги откриете своите скриени способности и многу ќе ви помогнат понатаму во животот. Некои црти од вашиот карактер треба да ги промените за да има мал напредок во се.
Работа: Доколку во 2016 година планирате да започнете самостоен бизнис тој ќе стане профитабилен до ноември. Многу енергија ќе вложите но на крај се ќе ви се врати. Вработените ќе мора да побараат помош од своите соработници.
Љубов: првата половина од годината е поволна за нови љубовни врски исполнети со уживање и забава. Сите несогласувања со партнерот решете ги со разговор.

 
Вага
Треба да одлучите што навистина сакате во животот и својата енергија и креативност да ја насочите кон остварување на таа цел. Тоа ќе ви даде повеќе самодоверба и можност да го проширите својот круг на познаници. Во вашиот развој семејството ќе одигра клучна улога. Ќе бидете полни со енергија и многу време ќе поминувате надвор.
Работа: Исклучително поволна година ако планирате да започнете нова работа. Мора да имате повеќе самодоверба за на прав начин да ги остварите целите. Ќе наидете на отпор од некои соработници но тоа нема да биде пречка за вас. Крупните деловни одлуки оставте ги за другата половина на 2016 година.
Љубов: Вагите во 2016 година ќе бидат страствени и како магнет ќе ги привлекуваат потенцијалните партнери. Септември е одлучен за почеток на исклучително сериозна врска.
Скорпија
2016 ќе помине во знакот на достигувања на личен план. Направете неопходни промени и тргнете напред, така ќе успеете да имате живот каков што посакувате. Во другата половина на 2016 година ќе се најдете пред сериозен предизвик, па ќе мора да направите детални анализи на вашите одлуки. Напорно ќе работите а тоа ќе направи да имате малку време за вашите најблиски.
Работа: Не ги наметнувајте своите идеи на соработниците туку фокусирајте се на работата во тим. За да ги унапредите своите знаења и вештини одете на курс. Од април до септември ќе биде идеално време да го промовирате своето знаење.
Љубов: Помеѓу февруари и мај очекувајте значајни промени во емотивниот живот кога ќе мора да преземете одговорност за постоечката ситуација. Бидете трпеливи во втората половина на 2016 година.
Стрелец
Подгответе се за огромна промена во 2016 година, затоа што ќе имате многу прилики за напредување и личен развој. Преиспитајте ги своите односи со другите луѓе и морате да донесете некои тешки одлуки. Во првите три месеци ќе трчате насекаде.
Работа: Полето кариера ќе биде доминантно во текот на целата година. Обидете се да ги подобрите вашите продфесионални вештини и на време да ги завршите започнатите проекти. За да ги остварите вашите цели потребна е добра комуникација со околината.
Љубов: Турбуленции ќе ги потресат вашите емотивни односи во текот на 2016 година. Ваше е да се потрудите да не бидете толку доминантни во односот со партнерот.

 
Јарец
Во текот на 2016 ќе претерате во редефинирањето на вашите животни цели и ќе размислувате за сопствените вредности и можни начини за подобрување на вашата личност. Некои долгогодишни пријателства ќе ви помогнат многу. Кога јасно ќе ги видите своите цели дури тогаш ќе може да ги реализирате.
Работа: Ќе бидете сигурни во себе и свесни за својата одговорност. Складните односи со колегите и претпоставените ќе имаат најголемо значење. Можно е и сами да побарате унапредување.
Љубов: Многу поттикнувачка година кога се љубовните односи во прашање. Се многу брзо ќе се случува. Слободните ги очекува многу интересна врска.
Водолија
Вистинско време за запознавање на нови луѓе и создавање на нови контакти. Во вашата природа е да расправате, што често не ви помага во работата. Во текот на 2016 година мора да пронајдете рамнотежа меѓу вашиот агресивен настап и хармонијата за односите со другите луѓе да бидат успешни. Ќе барате лојалност од пријателите и партнерот. За водолиите ова  е период кога ќе треба да ја покажат креативната страна
Работа: Одличен период за нови потфати. Ќе имате повеќе самодоверба но ќе бидете и многу разумни и смирени во професионалните односи.
Љубов: Емотивниот однос ќе доминира во текот на целата година. За оние кои се слободни одличен период за нова врска од август до октомври, а декември е предвиден за авантура без обврски. Во ноември е можна бременост.
Риби
Ќе ви се пружат многу можности за напредок, но мора да бидете реални повеќе од вообичаено и на кратко да ја заборавите креативната страна на личноста. Ќе чувствувате дека конечно нешто сте постигнале затоа што ќе се реализира сето она за кое сте сонувале цел живот. Иако пред вас ќе се отвараат многу шанси тоа нема да одговара на вашиот темперамент.
Работа: 2016 година е поволна за потполно нови зафати или пак за проширување на сегашната работа. Во последниот квартал ќе постигнете голем успех. Постои голема опасност од трошење на пари на почетокот на неделата.
Љубов: Заборавете на лошите љубовни искуства од минатото. Нова љубов стигнува помеѓу март и јули а во тој период ќе бидете многу исполнети. Овен
Бидете без грижа, годишниот хороскоп за 2016 за вас предвидува одлична година, затоа што планетите ќе работат во ваша

Пронајдете не на следниве мрежи: