Хороскопот ги открива нејзините МАНИ ВО КРЕВЕТ: Водолијата сака групен секс, а тешко на оној кој ќе го улови Стрелецот

Хороскопот ги открива нејзините мани во креветДевојка Овен
Кај вас в кревет е многу бучно, но скоро и да нема задоволство. Наместо да прерипувате преку партнерот како некој брз воз, обидете се следниот пат малку да ги забавите работите и да си дозволите за себе и за партнерот малку уживање. Сексот е маратон, а не брз шпринт – само ако вашиот партнер не е исто така Овен.
Девојка Бик
Кај вас постојано нешто не е како што треба. Заборавете на критиките и едноставно посветете му се на партнерот и на своето уживање. Знаете дека го сакате допирот исто колку и оргазмот, но зошто тоа не му го откриете и на партнерот? Тоа е нешто што мора да го знае ако сакате секој пат во кревет да ви биде незаборавен.
Девојка Близнак
Иако звучи неверојатно многу лесно може да ви се случи да се најдете в кревет со партнерот но тотално да заборавите на секс. Знаеме дека сексот не ви е интересен колку разговорот, но потрудете се. Иако вашиот партнер ужива во долги разговори на перница тој има и некои други идеи кои сака да ги спроведе на дело кога сте в кревет.

 
Девојка Рак
Веднаш почнувате да се жалите ако немате доволно секс. Се жалите и ако го има премногу. Што всушност сакате? Проблемот не е толку едноставен бидејќи кај вас се се враќа на прашањето: „Дали чашата е преполна или препразна?“ Обидете се да заборавите на ова и уживајте со партнерот секој пат кога ќе ги изгасите светлата и ќе се најдете в кревет – без разлика дали е тоа неколку пати неделно или секој ден.
Девојка Лав
Вие сте среќни ако изгледате добро и вашите потреби во кревет се задоволени. Но, зошто од сексот правите натпревар? Дали некој ви кажал дека сексот со партнерот всушност треба да ве опушти од секојдневната гужва? Не го претворајте сексот во натпревар и повеќе се фокусирате  на тоа кој од вас е подобар љубовник, отколку на уживањето.
Девојка Девица
Ок, чаршавите мора да бидат чисти, а вие провокативни. Но, тоа не мора да значи дека мора да го поминете цел град за да најдете совршена постелнина или да поминете неколку часа во теретана за да изгледате совршено. Барем на момент ослободете се од потребата за перфекционизам и само набљудувајте колку двајцата можете да уживате во игрите врз душекот – кој не мора да биде ортопедски.

 
Девојка Вага
Вие мислите дека нормалните луѓе имаат секс два пати неделно. Имаме новости за вас – тоа не е точно и не можете од партнерот да барате да закажува секс бидејќи тој мора да биде спонтан. Понекогаш го имаме секој ден, а понекогаш еднаш неделно. Сексот би требало да се случи природно.
Девојка Скорпија
Немојте да мислите дека партнерот ќе успее да се покаже во најдобро светло во кревет ако сте гневни на него. Тој мора да се чувствува добро за да ви пружи максимално задоволство. Можете да имате страствен секс после расправија неколку пати, но после тоа работите се менуваат и таа негова изведба во кревет. Намалете со расправиите.
Девојка Стрелец
Обожавате лов и секој маж многу брзо ви здосадува кога ќе ја постигнете својата цел. Сакате да седите и да се восхитувате на своите достигнувања и способности да го добиете тоа што го сакате, но што е со партнерот? Не е ни чудо што многу од мажите губат интерес за вас. Време е за нова стратегија во кревет.

 
Девојка Јарец
Сакате да биде добар во кревет, но и да работи напорно и да има добра сметка во банка за да се чувствувате сигурно. Можеби му треба мала оддишка за да ужива во сексот. Можеби едноставно не ги исполнува вашите критериуми бидејќи е мртов уморен од толку работа? Малку намалете со своите барања и ќе доживеете расцветување во спалната соба.
Девојка Водолија
Вас ви се поважни пријателите отколку добриот секс. Покрај тоа сексот не ви е толку добар бидејќи длабоко во себе посакувате група, но не се осудувате на партнерот да му предложите следниот пат в кревет да одите со уште една личност.
Девојка Риби
Вам се ви е здодевно. Но дали е можно самите на себе да сте си здодевни и сексот со една личност да е напорен бидејќи вам ви е здодевно? Сексуалните играчки можеби ќе ве забавуваат некое време, но клучна работа е да го надминете овој проблем и да бидете задоволни од тоа што се наоѓа пред вас. Вашата нервоза стига до спалната соба и време е да се ослободите од неа.Девојка Овен
Кај вас в кревет е многу бучно, но скоро и да нема задоволство. Наместо да прерипувате преку партнерот како н

Пронајдете не на следниве мрежи: