Интервју со претседателката на Заедницата на Србите во Македонија

Пред се`, би сакале да и се заблагодариме на госпоѓа Гордана Јовиќ-Стојковска за времето што го издвои за да одговори на неколку прашања што верувам дека би ги интересирале нашите читатели, како и пошироката јавност.Го спомнавте патувањето во Ниш, колку луѓе се одзваа на повикот за помош?
Огромен дел од Македонија се одзва на повикот за помош, навистина е тешко да се брои, а уште потешко да се издвои некој посебно, раскажува Гордана.
Помалку изгубивме увид во евиденцијата, ја има во документите, но досега се однесени над 130 тони вода, хигиенски средства, материјали за дезинфекција, храна за деца, пелени и конзервирана храна. Првите два камиони вода (околу 11-тина), скоро неорганизирано тргнаа кон Србија, а донацијата од „Кожувчанка“, помошта од Конзуларниот оддел на Србија во Македонија и разбирањето на македонските власти ни овозможија отворање на границите, па така веќе наредниот ден влеговме во административната шема. Голем дел од собраната помош му ја предадовме на Црвениот крст, поради неможноста да обезбедиме транспорт за сите, а таа соработка вроди со ефикасен транспорт на потребната локација.
Бидејќи контактирате со хуманитарните организации од Србија, кои се најпотребните средства во моментов?
Како што се менува ситуацијата на теренот, така се менуваат потребите на настраданите луѓе. Влеговме во фаза на расчистување, потребни се средства за дезинфекција (ние однесовме камион со креч и бараме нови донатори), неопходна е храна. Потребата за вода ќе биде помала, бидејќи се нормализира ситуацијата со водата за пиење. Неопходни се средства за хигиена, бидејќи сега претстои борба против бактерии и вируси.
Дали би можеле накратко да ни ги раскажете Вашите впечатоци за случувањата во Србија, во смисла на организираноста на луѓето и доброволците при помагањето?
Овие ситуации по правило се вон контрола и тешко е да се биде организиран при спроведувањето на зацртаните правила во пракса. Стихијата има свои правила на хаосот и никому не му е лесно да се избори со тоа. Меѓутоа, фасцинантен е степенот на доброволци кои се одзваа на првиот повик за одбрана и градењето на бедеми за одбрана на кризните локации. Фасцинантна е брзината со која реагираа тимовите за спасување и доброволците од целиот регион и Русија, кои уште од првиот ден влегоа во надојдените води.
Кои се Вашите идни планови и активности во врска организирање на хуманитарни акции?
Ние сме во постојан контакт со Црвениот крст на Србија, така што се обидуваме адекватно да одговориме на потребите. Овие денови, српската заедница организира и крводарителска акција, но пред се`, насочени сме кон донации на најпотребни продукти.
Ваш коментар за масовниот одзив на хуманитарните организации, претпријатијата и граѓаните на нашата земја.
Она што Македонија го покажа минатата недела треба да им биде поука на сите. Времето во кое живееме не оддалечи од многу човечки особини, но ние сме само луѓе и тоа знаеме да го покажеме. Фасцинирана сум и од членството на нашата Заедница и севкупната реакција на граѓаните и одговорните. Иако имам само пофални зборови, не можам, а да не искажам посебен восхит кон оние кои се наоѓаат на работ на социјалниот живот, а кои одвоија од своите потреби и донирале. Елементарните непогоди поминуваат, но човечноста мора да остане и никогаш не смееме да заборавиме на луѓето на кои помошта најмногу им е потребна. Хуманоста секојдневно е неопходна и понекогаш не е од материјален карактер, веќе во вид на топол збор и човечка грижа.
И за крај, дали имате некаква порака или коментар што би сакале да им ги пренесете на нашите читатели?
Секако, бескрајно сум им благодарна на луѓето со добра волја, тоа е она што не крева и поради што вредиме како луѓе.Го спомнавте патувањето во Ниш, колку луѓе се одзваа на повикот за помош?
Огромен дел од Македонија се одзва на повикот за

Пронајдете не на следниве мрежи: