Интервју со Себастијан Шевале, директор на Француско Интернационално училиште

Интервју со Себастијан Шевале, директор на Француско Интернационално училиште.Пулс24: Бонжур. Да почнеме со ред, овој месец го прославивте празникот Марди Гра. Каков е концептот на овој настан што традиционално го славите секоја година во вашето училиште?
Себастијан Шевале: Марди Гра е празник што е многу популарен во Франција и има големо значење за француската култура, а особено е весел за децата. Тоа е празник што се прославува во февруари и означува крај и испраќање на ладните денови и доаѓање и пречекување на пролетта. По тој повод, заедно со децата и нивните родители одржавме многу интересна манифестација исполнета со различни активности преку кои ја потикнавме креативноста и фантазијата кај децата. Изработивме маски и костими, а заедно пеевме и песни на различни теми, посветени на околината и соседите кои не опкружуваат.
Пулс24: Учениците од градинката и училиштето изготвија еколошки круни со вовед за преставување на новиот проект за оваа учебна година „Заштита на животната средина“. Што преставува и каква улога има овој проект?
Себастијан Шевале: Оваа активност е во рамките на проектот „Да се биде граѓанин’’ по којшто е познато и претпознатливо нашето училиште. Минатата година имавме проект „Прва помош’’ за децата кои се на возраст од 3 години и служеше тие да знаат како да реагираат во случај на несреќа. Оваа година нашата активност ќе биде насочена кон зачувување и одржување на животната средина, а тоа за учениците подразбира едукација и совети од екологијата, како и организирање на работни акции за чистење и рециклирање, а исто така и совети за штедење на електрична енергија.
Пулс24: Според вас, колку е важно децата да знаат како да ја заштитат животната средина?
Себастијан Шевале: Децата треба да научат дека енергијата не е неограничена, дека шумите се ограничени, и дека струјата троши енергија. Треба да знаат дека уште од раните години се стекнува навиката за чување на животната средина и дека животната средина секој треба да ја почитува и да се грижи за неа.
Пулс24: Освен децата, во целиот процес се вклучени и родителите. Каков е вашиот однос со родителите и колку тие партиципираат во проектите што ги спроведува вашето училиште?
Себастијан Шевале: Ние сме училиште кое внимава и го практикува односот ученик-родител- професор. Родителите се многу активни во училиштето, тие постојано се интересираат и при секоја овозможена прилика учествуваат во градењето на тој однос. Како за пример, на нивно барање воведовме уште еден дополнителен час по англиски јазик и плус уште еден час, мајчин јазик (македонски или албански). Веќе е практика еднаш месечно, ние и родителите да се собираме надвор од училиштето и да дискутираме за теми и прашања околку наставната програма и децата. Со еден збор, наоѓаме голема поддршка од родителите и секогаш сме подготвени да ги дискутираме и да ги овозможиме нивните барања и идеи.

Пулс24: Можете ли да направите компарација меѓу македонскиот и францускиот образовен систем?
Себастијан Шевале: Една од разликите што можам да ја напоменам е тоа што во Франција образованието за децата започнува уште од градинка, на возраст од три години. Тогаш детето започнува да учи три јазици и математика, а подоцна и да учи да чита и да пишува. Тоа им дава подлога на децата кога ќе влезат во основно образование веќе да имаат основни познавања на материјалот што ќе го изучуваат понатаму. Она што го знам за македонскиот образовен систем е дека сретнав многу мотивирани професори, луѓе што се желни своето знаење да го пренесат на учениците преку методи што ќе бидат занимливи за децата и мотивирачки за учење. Конкретно за децата во нашето училиште можам да кажам дека се многу мотивирани и посветени, а резултатите се одлични. Исто така, децата од моето одделение се деца со кои е многу пријатно да се работи бидејќи нивниот број во одделението е ограничен на 15 во група, а тоа дозволува посебно да се внимава и на дисциплината. Во Франција групите на деца се многу поголеми.
Пулс24: Рековте учењето бара многу дисциплина и концентрација. Како се справувате со хиперактивните и немирните деца?
Себастијан Шевале: Има огромна разлика помеѓу хиперактивноста и лошото воспитание. Ние предаваме, ние сме професори а условите што ги нуди ЕФИС во голема мера дозволува и да воспитуваме. Кај нас учењето и воспитувањето одат заедно. Групите од 15 деца ни овозможуваат со секое дете посебно да работиме и да му понудиме дополнително воспитание и внимание секогаш кога му е потребно. Дисциплината е основна и предуслов за да може ефективно да се предава и да се учи. Да не заборавиме дека во нашето училиште се учи на три јазика а тоа бара многу дисциплина, работа и учење.
Пулс24: Зошто е важно да се исучува францускиот јазик и француската култура?
Себастијан Шевале: Познавањето на странски јазик е многу важен за понатамошно развивање и просперитет на децата. Конкретно кога станува збор за францускиот јазик, децата по завршувањето во нашето училиште, можат своето школување да го продолжат во Фрнација каде француските универзитети имаат признати дипломи на европско и на светско ниво. Воедно, ако направиме споредба со англиските универзитети, студирањето во Франција чини 10 пати поевтино и нуди можност да се работи во Франција со 60% од полното работно време. 
Пулс24: Можете ли да направите споредба на животот во Франција и тука?
 Себастијан Шевале: Посебно сум воодушевен и пријатно изненаден од луѓето во Македонија.
Тука тие постојано се во комуникација со семејството, со пријателите, со колегите и соседите. За жал во Франација не е така., луѓето се отуѓени. Македонија е навистина гостопримлива земја, со многу великодушен народ и богата култура и јас уживам во секој миг од мојот престој тука.
Пулс24: Кој е првиот збор што го научивте на македонски јазик?
Себастијан Шевале: Кога пристигнав во Македонија, запознав еден пријател што ми помагаше во прилагодувањето на животот во Македонија. Првото нешто што го научив на македонски беше ‘‘нема проблем‘‘.Пулс24: Бонжур. Да почнеме со ред, овој месец го прославивте празникот Марди Гра. Каков е концептот на овој настан што традиц

Пронајдете не на следниве мрежи: