Исповед на една калуѓерка: Што навистина се случува во Католичката црква?

Калуѓерка од Католичката црква во Ватикан, која сака да биде анонимна, во писмо прозбори за спорот во црквата меѓу свештениците и калуѓерките и ја пренесе атмосферата што навистина се случува во црквата. 
Писмото на калуѓерката: 
„Светот на женските калуѓерски заедници, веројтно е најконфузниот во Католичката црква. Во него можат да се најдат примери од побожност и мистицизам, какви не се очекуваат од мажите, но и примери на стравични притисоци, кои се опишуваат во француската и италијанската литература на XVIII-XIX век, а за кои во новото време е скован поимот „мобинг“. Женските редови и женските зедници навистина се многу и не може сите да се стрпаат во „една иста торба“. Во Ватикан има калуѓерки, кои вршат мошне важни и одговорни работи (некои од нив без црниот вел или некои други надворешни ознаки на монаштвото, освен крст околу вратот), но има некои кои се бунат дека се третирани полошо од обични слугнинки, дека ја трпат гордоста на свештениците, а понекогаш и дирекни насилства. Да се потсетиме само на случаите низ црквите во Африка, каде чесните сестри биле уверувани дека мораат „да им излезат в пресрет“ на свештениците кои имаат свои потреби. Сепак, најлошо им е на калуѓерките, кои во самиот манастирски ред, се изложени на притисоци и каде авторитарната хиеархиска шема е „нацртана“ од машкото општество и применета на начин кој би бил карикатурен, а да не е понекогаш и страшен. „Отстапив од редот за да ја сочувам и она мала вера што ми остана“- ми рече спонтано една поранешна калуѓерка, врховна професионалка во својот повик, искрено побожна личност, целосно посветена на служењето на ближниот. Во Италија, калуѓерките во 90-те години, после падот на Берлинскиот ѕид, инсистираа на одбележување на 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, како симбол на својата реивиндикација. Во САД, калуѓерките, особено оние вработени во медицината, влегоа во спор со бискупите, како поради педофилија (на која жестоко реагирале и многу поодлучно), така и поради правата на пациентите. Кардиналот Франц Роде им ипратил две истражни комисии за да ја „нормализираат“ ситуацијата, но со тоа само го забрза своето заминување во пензија, бидејќи со својата рамнодушност само придонесе да споровите прераснат во скандали. Да се разбереме: не станува збор за верата, а ниту за теолгијата. Споровите се само однесуваат на неправедните односи на заповедање и покорување, кои им припаѓаат на традицијата на црквата. Ваквите односи мораат да бидат туѓи за монашките заедници во кои сите припадници би морале да функционираат како сестри, односно како браќа. Од друга страна, и меѓу родените сестри, односно родените браќа- може да има ужасни епизоди. Затоа, не треба од секој скандал да правиме рушење на Црквата, а не треба ни да ги сокриваме насилствата во име на „повисока цел“ или единство, бидејќи основите за тоа ги нема во евангелието.“Калуѓерка од Католичката црква во Ватикан, која сака да биде анонимна, во писмо прозбори за спорот во црквата меѓу све

Пронајдете не на следниве мрежи: