Исповед на жена од Балканот: Го преживеав пеколот ИСИС

Белграѓанката Макфирета Шаќири (32)  ги преживеала ужасите на Исламската држава, каде со синот и сопругот заминала во  декември во 2013 година. Таа живеела со месеци во сиријскиот град Азаз, кој  се наоѓа северно од Алеп и кој  е срамнет до земја во текот на 4- годишната сурова војна.Макфирета, која од својата петта година е слепа, денес живее во  Белград со синот (6) и ќерката (1), но се уште не закрепнала од ужасот кој го преживеала во Сирија.
„Мојот пекол почна кога се омажив за Ферат Касумовиќ, со кого  ме запозна мојот брат Фахредин. Ферат му го испра мозокот со приказни  за животот  според шеријатиот и исламската држава, а потоа тоа ми го стори и мене. Бараше да одиме таму, а јас се противев на почетокот за тоа. Попуштив кога брат ми  ми рече дека мораме да одиме и да ги браниме муслиманите. Ферат не оденесе сите нас, мене, брат ми и синот, таму во Азаз, кој бил контролиран од ИСИС. Тогаш почна мојот пекол кој ќе го поманм до крајот на мојот живот“, вели Макфирета и продолжува:

„Таму ништо не е нормално. Секојдневно ве бомбардираат, а по улиците шетаат тенкови. Војната не застанува ниту една секунда. Ве будат среде ноќ и со  децата ве носат во некои подземни засолништа, каде останувавме и по неколку дена. Не знам дали тогаш е полошо тоа што во секоја секунда стравуваме за животите на децата и нашите животи, или што  не знаеме каде ни се сопрузите. Дали се живи или ги убиле што би значело  дека сме препуштени сами на себе“.
Животот во Исламската држава таа го споредува со пекол:

 
„Таму деновите се страшни и кога не се пука. Сите зборуваат на Арапски, јас тој јазик не го разбирам. Со тоа мажите постојано  нешто ви наредуваат и доколку веднаш не послушате веднаш ве тепаат крвнички. Морате постојано да носите бурка која го прекрива целото  тело бидејќи во спротивно може да ве убијат без никава одговорност. Такви се правилата. Мажот е над се, а ние жените сме суштества од понизок ред. Затоа и се држевме една покрај друга и се тешевме меѓусебно. Таму има многу  девојки од Белград, Загреб, сите делови на Босна, но и од Франција, Швајцарија, Германија.“
Кога нејзиниот брат  бил убиен, нејзиниот сопруг добил наредба да се врати во Србија.

„За разлика од одењето во Сирија враќањето беше комплицирано. Прво преку некои грмушки преминавме во Турција, па со  недели  пешачевме до Бугарија. Таму моравме да останеме три дена кај некои муслимани за да не бидеме сомнителни. Од таму заминавме во Македонија, каде исто така останавме неколку дена , па на Косово и потоа во Белград. Тој пат  за мене, која сум слепа и  водам дете со мене, беше вистинска голгота. Ни сама не знам како преживеав“.
Недолго по враќањето во Белград, Ферат бил уапсен, а неговите луѓе и се закануваат  на Макфирета поради што едно време живеела во сигурна куќа.
„Живеам во страв бидејќи знам дека во секој  момент можат да ме убијат и мене и моите деца“, вели оваа несреќна жена.Макфирета, која од својата петта година е слепа, денес живее во  Белград со синот (6) и ќерката (1), но се уште не закрепнала од ужасот кој го

Пронајдете не на следниве мрежи: