Истакнати личности од македонската историја: Христо Татарчев

Д-р Христо Татарчев (16 декември 1869, Ресен – 2 јануари 1952, Торино, Италија) бил лекар, еден од основачите на Македонската револуционерна организација и прв претседател на Централниот комитет. Завршил гимназија во Пловдив, а медицина во Цирих и Берлин. Во 1901 бил уапсен и заточен во Бодрум Кале. По амнестирањето бил член на Задграничното претставништво на ЦК на ТМОРО. Бил и еден од основачите на Македонската федеративна организација. Поради отворените закани од ВМРО на Тодор Александров бил принуден да емигрира во Италија. Автор е на статии и публикации за македонското прашање.Општата состојба во Македонија наметната од османлиските власти допринеле уште во раното детство кај Татарчев да се јават револуционерни копнежи и мисла за ослободување на неговата татковина.
Тој вели дека:
„Уште во Ресен, како дете, растев под туѓо угнетување, постојано под терор, исчекувајќи со трепет да се врати жив некој од нашите кога одеше на пат. Овој терор го правеа особено Албанците. Мајка ми од уплав и поради губењето голем дел од богатството се разболе и почина. Албанците беа дојдени откај Охрид и заминувајќи за Битола беа навлегле во Ресен. Пискотници по поистакнатите куќи. Сакаа да бидат сместени на конак. Тоа значеше дека на своите коњи ќе кренат сe што е вредно од тие куќи, па дури со себеси во Албанија ќе одвлечат и луѓе. Беа запреле и пред нашата куќа. Нивниот главатар, со барјак, беше дојден пред нашата куќа. Дома голем уплав, затоа што дома сме имале и пари. Нашите ја затворија портата, за да има време во соседните куќи да се префрлат парите и други вредности. Албанците почнаа да ја кршат портата, и најпосле ја скршија, влегоа, и ја најдоа внатре само баба ми, а сите други – мајка ми, стрина ми и др. беа поминале во соседната турска куќа. Со вжештено железо тие извлекуваа пари, со запалени гламни, со ќотек. Штом ќе влезат, бараат да се јават мажите. Бидејќи немаше други, ја мачеле старата да ги повика мажите“.
На 2 ноември (21 октомври, по стариот каледнар) 1893 година, покрај солунскиот брег се сретнале Даме Груев, Иван Хаџи Николов и Антон (Андон) Димитров, при што разговарале за ослободување на Македонија. Паднал предлогот тие тројца да формираат револуционерна организација. И. Х. Николов понудил во основањето да учествуваат и Петар Поп Арсов, Христо Татарчев и Христо Батанџиев.
Состанокот се одржал во сабота навечер на 4 ноември (23 октомври по стар стил) 1893 година, во станот на Христо Батанџиев, а на него присуствувале присуствувале: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и домаќинот Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско. На средбата, сите едногласно се согласиле да се формира револуционерна организација.
Татарчев умрел во Торино на 5 јануари 1952 година. Погребот бил извршен на 7 јануари во 10:30 часот на гробиштата во Торино. До денот на погребот, неговото тело лежело во црковниот параклис на болницата. Телото, облечено во официјален костум, било поставено во двоен ковчег – внатрешен од цинк и надворешен од солидно дабово дрво.
Погледнете го видеото:
Општата состојба во Македонија наметната од османлиските власти допринеле уште во раното детство кај Татарчев да се јават револуционерни копнежи и

Пронајдете не на следниве мрежи: