„Јас сум последната стара мома во едно село и имам нешто да ви кажам“

Да не си ти од „онаа“ страна – ме праша еден убав ден госпоѓата која им е пријателка на моите родители како увертира во она што следуваше – дискусија за тоа кога ќе се мажам, зашто што ќе рече селото. Бев последната немажена девојка во него.Но, ајде да ги погледнеме фактите. Имам 30 години, заработувам за себе и не зависам од никого. Барем материјално. Сега ќе превртите со очите во фазонот „уште една еманципирана феминистка”, но не е проблемот во тоа. Проблемот е што кога не сум „еманципирана феминистка“ и девојка која верува дека сѐ може сама, јас сум една од последните девојки од моето село која не се омажила. А тоа се маки.
Јас сум од село кај Ваљево. Садам бавча, правам зимница, знам да готвам, учествувам кога се коле свиња, помагам кога се тегнат дрва, не можете ни да замислите какви валкани работи сум во состојба да извршам (кога велам валкани, мислам на работи кога од прашина и кал ви се гледаат само очите), а тоа не би помислиле кога би ме виделе. Мојот живот функционира на два непомирливи фронта. Живеам во град, а родена сум и сум израснала на село. Емотивната поврзаност ме влече таму кога и да имам слободно време повеќе од еден ден. И тогаш почнува мојот пекол.
Луѓето на село, како и секаде, повеќе ги живеат туѓите отколку своите животи. Само овие го прават тоа отворено. Кога ќе си дојдам дома, тоа е нешто како сензација. Комшиите не доаѓаат да пијат кафе со мене, зашто на фин начин покажувам дека не ми се баш нешто мили, туку висат на капија или на ограда. Дали сум се здебелила, дали сум ослабела, што сум облекла и основното дали сум довела некој зет! Зашто не дај боже никому да има 30 години и да нема дечко. Тоа е анатема! Што ми фали? Дали се дрогирам, дали едната нога ми е покуса од другата, да не сум луда: Не, мора да сум луда.
– Знаеш, бевме на некоја свадба и јас се расплакав. Нема веќе да одам по свадби, сите бре си ги испоомажија децата и оние најглупавине се омажија, а ти бре ни дечко немаш. Па, што ти фали, сине – ме прашува мајка ми со плачлив глас.

Да не се врти приказнава веќе со години, веројатно би ѝ одговорила дека не ми фали ништо, но бидејќи оваа тирада ја слушам од 27 години, само бесно го завршувам разговорот. Потоа ѝ се извинувам.
Кога некој случајно ќе ме сретне, тоа изгледа вака. Ќе издвојам неколку бисери кои се таложени со години.
Комшика Х (бенигно јавување на телефон)– Како си? Што правиш? Леле, од кога не си била…– Добро…– Ма, не тоа, туку колку години рече дека имаш?– 28 (во тој момент).– Па, има ли нешто? Знаеш, сега си убава, ама нема довека да бидеш убава, а мажите не се вљубуваат во внатрешна убавина.КомшикаY (слава)– Немој да брзаш да се омажиш. Да се заробиш! Што ќе ти е тоа. Уживај во животот! Туку, уште малку 26 ќе полниш, така?– Помина тоа пред три години, хахаха.– Е, па јеб*га, ништо тогаш.
Комшика XY (ситуацијата се случува на една свадба на која бев приморана да отидам)– Колку е убава невестатаа…– Прекрасна е.– Вие заедно учевте, нели?– Не, не, таа е помлада од мене пет години.– Пет години?! А ти уште не си се омажила?– Зошто да се мажам?– Па, да не бидеш сама.– Па, не сум сама.– Аааааа, имаш дечко.– А, не. Немам дечко.– А, да не си ти од онаа страна.Уф.
Епилогот е дека по тие разговори родителите галовно ме замолуваат барем некое време да не доаѓам дома, а и ако дојдам, ни под точка разно да не комуницирам со земјаците. Мама е малку потврд орев, па нејзе многу повеќе ѝ ја продаваат приказната, а тато… Тато е цар.
– Ти ќерко, нема да се омажиш, ќе се прижениш.Но, ајде да ги погледнеме фактите. Имам 30 години, заработувам за себе и не зависам од никого. Барем материјално. Сега ќе превртите со очите во фаз

Пронајдете не на следниве мрежи: