Каде се „границите“? Овие фотографии ќе ве натераат да размислите за тоа

Секој ден жените се изложени на некаков облик на вознемирување, кое може да биде агресивно, но и суптилно, кое најчесто е и социјално прифатливо.Уметничката Алари Бартел, се обидела да ја подигне свеста за овој проблем со серија потресни фотографии, а својот проект го нарекла „Граници“.
Алари, како што вели, сакала на сликовит начин да ги прикаже вообичаените места на кои жените се среќават со вознемирувањето.

„На овој проект ме поттикна пукањето во Санта Барбара кое многу брзо стана глобална тема и која ги инспирираше жените ширум светот да проговорат за сексуалноста, за насилството кое го преживеале, и да ги споделат своите приказни со другите“, вели младата уметничка.
Во мај 2014 година, 22 годишниот Елиот Роџер уби шест млади луѓе, кога од автомобил во движење пукал на ученици од Универзитетот Санта Барбара. По масакарот, Елиот извршил самоубиство, оставајќи зад себе мизогинистички манифест во кој ја изразил длабоката омраза кон жените.

Бартел се одлучила на овој чекор бидејќи и самата е жена.
„Доколку го прифатиме непочитувањето, понижувањето и потчинувањето, всушност се согласуваме на сексизам. Повеќето мои примери се силни, интелигентни и самостајни жени, а би сакала да има уште повеќе такви примери“, објаснува Алари.

Според канадско истражување дури 90 проценти од жените доживелае некаков облик на вознемирување на работното место. Поразителните бројки зборуваат во прилог на тоа во каква состојба е нешето општество и каков е односот кон жените.Уметничката Алари Бартел, се обидела да ја подигне свеста за овој проблем со серија потресни фотографии, а својот проект го нарекла „Граници&

Пронајдете не на следниве мрежи: