Како најлошото животно искуство ме научи да не се плашам од забар…

Сигурно ви е познато она чувство кое се шири низ телото кога ќе влезете во забарска ординација. Пред да го доживеам најлошото искуство со забарот, секој пат во чекалната сакав од нервоза да си ја искорнам косата  и да побегнам во непознатото. Но, после ужасот кој е рамен на сцена од хорор филм, одењето на забар ми е како посета на стар пријател со кој сакам да се изнаприкажам.
Пред 9 години, кога бев прва година на факултет, после Нова Година, добив неподнослива главоболка, која не ми беше непозната бидејќи цел живот патам од благи напади на мигрена. Но, овој напад на болка немаше намера да престане и тоа беше јасно како ден. Врвот беше една непроспиена ноќ со константно чукање во глава и викање, што потсетуваше на филмот „Истерување ѓаволи“, кога почна да ме боли и увото заедно со левата половина од главата.
Инекциите против болки не дадоа некои резултати, освен 4-5 часа мигрена глава. Лекарот од општа медицина ме препрати на забар за секој случај. И фала му на Бога што ме прати, инаку сега би можел само да се смеам со очите, како што советува Тајра Бенкс.

 
Во прашање беше умник во долната вилица од лева страна, кој немал намера правилно да израсне, туку убаво се распослал и удирал во другите заби , плус коренот на забот се вдомил во коската на вилицата. Дури тогаш сфатив зошто вилицата ми прескокнува кога сакам да гризнам поголем залак.

Снимката од вилицата ме парализираше, а исто и кога слушнав како се изведува операцијата. Да не влегувам во детали, но моментот на сечење заби и вилица е нешто најлошо што ми се случи во животот. Ништо не боли поради 5-те коњски анестезии, се колнам дека ми трнее левата нога после последниот убод, но звукот во главата додека се изведуваше процесот, сечењето со некоја чудна машина е рамно на кошмарот – како нешто да ви пука во мозок.
Опоравувањето беше морбидно, со ужасни болки, можев само да јадам каши, само тоа што може без џвакање да се проголта, бидејќи целиот образ од внатрешна страна ми беше исечен а потоа сошиен.
Следниот пат кога отидов на забар доживеав чувство на блаженство и смиреност. Зошто? Н знам, веројатно знаев дека не може полошо од тоа. Сега кога мојот долгогодишен забар ќе ми каже – овде треба пломба да се промени и имаш мал проблем, мене не ми е проблем тоа да го направи без анестезија. Малку се штрекам и тоа е тоа.
Веројатно треба да се случи нешто многу лошо за да престанеме да се плашиме од луѓето во бели мантили со брусалка во рака. Дури веќе не ми пречи ни оној мирис во забната ординација. Сега дури и сакам да одам на забар на секои 4 месеци, само колку да знам дали е се на број и во добра состојба.
Не е толку страшен чичко забар, подобро одете на време за да се смеете после без последици. Но, после ужасот кој е рамен на сцена од хорор филм, одењето на забар ми е како посета на стар пријател со кој сакам да се изнаприкажам.
Пр

Пронајдете не на следниве мрежи: