Капитални проекти во македонското здравство

Се менува сликата во македонското здравство. Се реализираат капитални проекти, вредни милиони евра, кои ќе резултираат со значително подобрување на квалитетот на услугите и подигнување на грижата за здравјето на граѓаните на едно многу повисоко ниво, пишува Лидер.Во јуни почнува реализацијата на најкрупниот проект во здравствениот систем за изградба на нов Клинички центар во Скопје. Инвестицијата се проценува на 72 милиона евра, а новиот капитален објект ќе го градат домашните компании „Гранит“ и „Бетон“ во соработка со италијанска фирма.
-Со заокружување на оваа фаза од постапката се става крај на сите шпекулации и коментари дека овој проект е само празно ветување. Ова е еден од најсериозните проекти за македонското здравство во овој момент и е еден од најсериозните проекти на Банката на Советот на Европа. Во целиот процес се вклучени врвни експерти. Почетокот на изведбата се очекува да биде во тек на јуни 2017, а изведувачот ќе работи во фази со цел да се овозможи непречено функционирање на Клиничкиот центар во Скопје, вели министерот за здравство Никола Тодоров. Се работи за проект од непроценливо значење за јавниот здравствен систем, бидејќи низ комплексот на скопските клиники годишно минуваат над 800.000 посетители, а се лекуваат околу 75.000 пациенти.
„Со години го чекавме овој проект. Плановите даваат сигурност дека ќе продолжиме да работиме во современо здание за да бидеме во состојба да им пружиме врвна нега, лекување и дијагностика на нашите пациенти, каква што и заслужуваат. Не е доволно само да се има кадар и современа опрема што беше набавена во изминативе години од Владата и Министерството за здравство, важно е и во кои услови ќе се стават во функција за да се комплетираат условите за современо медицинско работење“ – вели директорот на Клиниката за нефрологија, доктор Александар Шиколе.
Се проценува дека изградбата на новиот Клинички центар ќе трае 45 месеци.
„Се работи за капитален проект и е предизвик да се направи ваков проект, а да не се загрози функционирањето и работењето на клиниките. Поради тоа е рокот подолг, односно 45 месеци. Ќе се започне со обезбедување времени пристапни патишта со што ќе се гарантира продолжувањето на функцијата на сите клиники, ќе нема застои“ – вели Јован Грповски од Министерството за здравство, задолжен за овој проект.
Клинички центар „Мајка Тереза“ е најголемиот проект во историјата на македонското здравство.
„Оваа инвестиција претставува круна во македонскиот здравствен систем. Со оваа инвестиција го унапредуваме највисокото ниво на здравствена заштита, терциерното ниво, на кое се третираат и најсложените и најкомплексните здравствени состојби, а за кои условите со новиот Клинички центар ќе бидат подигнати на едно многу повисоко и посовремено ниво. Кога ќе се изгради ќе биде најсовремен здравствен објект во поширокиот регион на Југоисточна Европа“ – вели Тодоров.
Забрзано се гради Клиничката болница во Штип
Забрзано се гради Клиничката болница во Штип, најголема инвестиција во здравството во регионот на Источна Македонија. Целиот проект треба да биде завршен до средината на идната година. Се работи за инвестиција од 30 милиони евра, дополнителни 26 милиони ќе се вложат за набавка на опрема. Штип ќе добие болница по светски стандарди. Објектот ќе располага со 350 легла и ќе покрива околу 200.000 пациенти од овој дел на земјава.
Реконструкција на болницата „Свети Наум Охридски“
Се реконструира и болницата „Свети Наум Охридски“ во центарот на Скопје, односно поранешната градска болница. Инвестицијата од два милиона евра е дел од големиот инвестициски циклус за обнова на здравствените установи вреден 74,6 милиони евра. Комплетната реконструкција ги опфаќа внатрешноста, собите, ходниците, салите, интензивната нега, што ќе придонесе за подигнување на стандардот на негата и услугата, подобри услови за пациентите. Оваа болница е од огромно значење за главниот град. Лани во неа побарале помош 316 илјади пациенти.
Се реализираат значајни проекти
Во тек е реконструкција на повеќе болници и здравствени установи. Се врши обнова на објектите, се набавува нова опрема во вредност од 33 милиони евра. Опфатена е и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.
„Реновирањето е во вредност од околу 215 милиони денари, што значи заедно со опремата станува збор за вкупна инвестиција од над 5,5 милиони евра за болницата „Св. Еразмо“. Во оваа установа во изминатиот период бевме посветени и на усовршување на кадарот, како трет значаен сегмент покрај инфраструктурата и опремата“ – вели Тодоров.
Со проектот се опфатени и здравствениот објект во Кичево, болницата во Велес, Битола, Струмица, повеќе други установи. Во Скопје, во Градската општа болница „8 Септември“ се гради бункерот за најсовремен линеарен акцелератор, со што комплетно ќе се промени сликата во делот на зрачната терапија.
Се реализираа проектите за Државна кардиохирургија, детска кардиохирургија, за нов објект во „Козле“, како исклучително значаен за здравјето на најмалите.
„Задоволството на пациентите во минатото беше мало. Сега тие се сместени во апартмани, имаат и своја кујна, интернет конекција, телевизија, со што децата се чувствуваат како да се во градинка. Стресот е помал, а заздравувањето е побрзо“ – вели директорот на „Козле“, Оливер Зафировски.
33 милиони евра за опрема!
Во македонското здравство е во тек големиот проект за набавка на нова и најсовремена опрема. Проектот е вреден 33 милиони евра, а со него се опфатени над 100 јавни здравствени установи низ целата држава.
„Ова претставува подигнување на нивото на здравствените услуги, а тоа значи спасување на многу човечки животи, брза дијагностика, брз третман“ – објаснува доктор Виктор Камиловски.
„Илјадници пациенти се лекувале со опремата којашто е досега набавена, со новата уште повеќе ќе се зголеми квалитетот што им го пружаме на нашите пациенти“ – вели доктор Александар Чапаровски, директор на Клиниката за неврохирургија.Во јуни почнува реализацијата на најкрупниот проект во здравствениот систем за изградба на нов Клинички центар во Скопје. Инвестицијата се проценув

Пронајдете не на следниве мрежи: