Кога лажeме ни е потребно повеќе време

Науката којашто се занимава со откривањето на лагата датира од 1900 година.Науката којашто се занимава со откривањето на лагата датира од 1900 година. Таа користи специјални техники за испрашување кои со помош на технологијата којашто ги снима нашите физиолошки функции би требало да помогне при откривањето на измамата. Најраспостранет метод досега е полиографот-тест за детектирање лага, којшто ги детектира промените во човечкиот организам кога личноста одговара на одредено прашање, како на пример промените во крвниот притисок, промените во дишењето и движењето на мускулите. Според Американската национална академија на науките овој метод се смета како недоволно релевантен. Освен оваа метода, познати се и методите кои се служат со бојата на гласот, говорот на телото, користењето на кислород од страна на мозокот и многу други.
Една од последните техники е од психологот Ејдан Грег која наскоро би можела да го замени полиграфот. Оваа техника покажува дека откривањето на лагата може да е многу едноставно. Поточно, истражувањето кое тој го спровел се однесува на поврзаноста на лажењето со спороста. Според него, на луѓето им е потребно 30% повеќе време за да изговорат лага отколку што им е потребно кога нивниот одговор е вистинит. Компјутерските анализи откриле дека на прашањата на кои одговараме со вистина, одговараме за 1,2 секунди, додека за лагата ни се потребни 1,8 секунди после поставеното прашање.
Овој тест, наречен Тара, докажува дека во 98% од случаите на луѓето им треба повеќе време за лага отколку за вистина. Грег верува дека неговата метода ќе го замени полиографот, којшто многу луѓе знаат да го излажат. Американската влада ја разгледува можноста да го користи овој метод во испитување на осомничените лица за злочин.
П.К.Науката којашто се занимава со откривањето на лагата датира од 1900 година. Таа користи специјални техники за испрашување кои со помош на технологи

Пронајдете не на следниве мрежи: