Кои се најотровните печурки во Македонија?

Шест смртни случаи и стотина труења со печурки, е билансот на непознавање или грешки при собирањето и консумирањето на шумските габи за период од 10 години.Во 2002та 2 лица починале од труење со печурки,  по еден смртен случај имало во 2005 и 2008  и по три години во  најмасовното труење кое е регистрирано на токсикологија,  починаа 2 лица од 8членото тетовско семејство
Оваа статистика и останатите податоците на Токсикологија покажуваат дека малкумина во земјава може да ги разликуваат јадливите печурки  во споредба со отровни или тие што не се за консумирање. Докторите велат дека имало случаи на пациенти со потешка клиничка слика кои успеале да ги спасат. Но, случајот со таткото и синот кои починаа, од затруеното 8 члено тетовско семејство, бил најтежок. И покрај сите напори за лекување, како и серуми набавени од странство, таткото и синот имале толку големи оштетувања на црниот дроб што им подлегнале на последиците од труењето со печурката Аманита вироса. На Токсикологија бележат и труења со помалку отровни печурки кои немаат смртоносни последици, но предизвикуваат нарушување на општата здравствена состојба.
И експертите за габи сметаат дека е многу тешко  да се одреди  прецизно  кои од печурките се јадливи, а кои не. Најчести грешки се прават при собирање на младите шампињони. Овој вид печурка наликува на зелената и бела пупавка од која се затру и тетовското семејство.

Покрај бојата и обликот , разликата меѓу нив е што  пупавката расте во дабова и букова шума а шампињонот во ливада. Ретко но се случува да се измешаат ако спорите или мицелиумот на  пупавките се прошириле и стасале до  ливадата.
Во Македонија досега се  забележани над 10 000 различни видови на габи. Единствената регионална лабораторија во земјава има регистрирано 2130 макромицети од кои со меки плодни тела се 900. Од нив 600 габи се јадат и се полни со  витамини , минерали и антиоксиданси.  114 се отровни а дури 17 видови се смртоносни. Од печурките има и такви кои предизвикуваат халуцинации и од нив во земјава се регистрирани   30тина видови.
Др Караделев апелира граѓаните да не се водат од предрасудите дека само црвената, зелената и жолтата се отровни печурки, ако габата е гризната од полжав таа е јадлива или други вакви примери кои се докажале дека не се точни. Особено треба да се внимава кога се купуваат печурки од диви продавачи кои ги береле надвор од земјава. На европската карта меѓу земјите кои немаат регистар на габи е и соседна Албанија.  Лабораторијата која има само тројца вработени,не  работи само на идентификација на габи. Се испитува и нивното медицинско дејство, антифунгално, габата како антиоксидант, тешките метали во почвата.
Извор: Сител.мкВо 2002та 2 лица починале од труење со печурки,  по еден смртен случај имало во 2005 и 2008  и по три години во  најмасовното труење

Пронајдете не на следниве мрежи: