Која е моќта на вашиот хороскопски знак: Стрелецот е детектор за лаги, Девицата човечко торнадо

Според типичните особини и афинитети, на секој знак можеме да му препишеме една супермоќ.Овен- неограничена енергија
Припадниците на овој знак би можеле лесно да бидат суперхерои, со посебна моќ која се крие во нивната неограничена енергија. Таа особина излегува на виделина штом имаат цел која сакаат силно да ја остварат- тоа им дава сила да се движат побрзо и од куршум, да прескокнат згради, не спијат, не јадат- се за да добијат што сакаат.
Бик- суперсила
не се вели залудно „силен како бик“. Кога припадниците на овој знак би имале само една моќ, тоа дефинитивно би била суперсила. Таа се однесува на физичкото и емоционално носење со тешките ситуации подобро од сите други припадници на Зодијакот.
Близнаци- ментално снимање
припадниците на овој знак во светот на суперјунаците би биле оние кои имаат неверојатна моќ да впиваат големи количини информации за неверојатно кратко време. Било да читаат весници, набљудуваат луѓе околу себе или учат нешто, нивната ментална енергија и капацитет на мозокот се вистинско чудо.

 
Рак- моќ на сочувствување
Кога Ракот би имал една супер моќ, тоа дефинитивно би била способноста за неверојатна емпатија која ги одликува. Тие се способни да ги сфатат и разберат другите околу себе, можат да се поврзат со секоја емотивна состојба и генерално да воспостават врска со секоја личност, бајка или животно на Земјата.
Лав- господар на огнот
Нивниот топол темперамент здружен со моќта која ја добива од Сонцето, припадниците на овој знак во светот на суперхерои лесно би се претвориле во господари на огнот. Тие можат да создадат оган од ништо- само ако се налутат малку, но и со еднаква брзина да го изгаснат, со пламен да ги заштитат своите блиски.
Девица- Човечко торнадо
Брзината и интензитетот која ги краси припадниците на овој знак штом имаат некоја цел на ум, во светот на суперхероите би биле човечко торнадо. Благодарение на способноста за размислување пет чекор однапред, можат да внесат пореметување во својата околина и да ги „пореметат“ како торнадо, кое отишло пред да објасни што сака.

 
Вага- менување на обликот
Припадниците на овој знак ги краси една многу практична способност- моќ на прилагодување. Како суперхерои тие би биле во состојба да ги менуваат облиците и да се прилагодуваат во секоја ситуација, околина или луѓе. Таа нивна моќ им овозможува да искусат живот низ разни позиции и облици.
Скорпија- поценувачи на душата
Припадниците на овој знак во светот на супермоќите дефинитивно би имале вештина „читање“ на туѓата душа. Благодарение на својата аналитичност, со логички заклучоци и способности за перцепција, тие подобро од било кој друг знак во Зодијакот можат само гледајќи го соговорникот во очи да ги проценат нивните цели и карактерот.
Стрелец- детектр на лаги
Припадниците на овој знак ги краси способноста многу лесно да ја „извлечат“ вистината од некого. Затоа тие во светот на суперхероите дефинитивно би биле „детектори на лаги“, благодарение на ситните манипулации со кои го заведуваат соговорникот и го тераат сам да ги искаже своите валкани намери.

 
Јарец- управувач со мисли
Припадниците на овој знак ги краси неверојатната ментална енергија и упорност со што можат да ги управуваат другите и нивните одлуки. Така тие во светот на суперхероите би биле контролори на мисли, кои со посебни тактики им ставаат на луѓето идеи во мозокот така што ќе помислат дека се нивни лични.
Водолија- исчезнување
Припадниците на овој знак во светот на суперхероите би биле хероини кои лесно стануваат невидливи. Нивната способност за исчезнување им овозможува да го „надлетаат“ светот и да запознаат најразлични луѓе и да минат низ неверојатни ситуации.
Риби- творци на светот
Способноста да сонуваат на припадниците од овој знак се прилично неверојатни и во реалнот свет, така што тие како супер јунаци би биле творци кои светот го создаваат со својата фантазија. Нивната креативност нема граници, па лесно би биле господари на сценарија како Матрикс или футуристички светови по своја желба.Овен- неограничена енергија
Припадниците на овој знак би можеле лесно да бидат суперхерои, со посебна моќ која се крие во

Пронајдете не на следниве мрежи: