Која од овие жолчки доаѓа од ЗДРАВА кокошка?

Еден од интересните аспекти за начинот на живот во Бразил се различните мислења за храната. Овошјето, зеленчукот и останатите прехранбени продукти доаѓаат од фармите.Тука спаѓаат и јајцата. Што се однесува на нив, нивната големина може да варира, бојата на лушпата исто така, а жолчката скоро секогаш е потемна кај јајцата кои доаѓаат од малечки и семејни фарми. Исто така, таа изгледа и малку збиено во однос на типичните жолти жолчки од јајцата кои се продаваат по супермаркетите.
Скоро па сите јајца купени од супермаркетите имаат светло-жолта жолчка. На некои од нив стојат ознаки дека се органски и евтини – но, сепак жолчката е светло-жолта и не толку збиена. Дали тоа значи дека јадеме јајца од кокошки кои не се хранат правилно?
Од Garden Betty: „… Минатата година, ги споредив жолчките од јајцата на кокошките кои беа пуштени да јадат инсекти, гребат по земјата, клукаат жито со оние кои се хранат „фабрички“. Разликите беа видливи: жолчките од јајцата на домашно одгледаните кокошки не само што имале темно-портокалова боја, туку делуваа збиено и пополнето. Дури и нивните лушпи биле поцврсти и потешки за кршење. Но, која е големата разлика во бојата на жолчката?“
И покрај видната разлика во нијансите, портокаловата жолчка е индикатор за балансиран и високо хранлив начин на исхрана.
Ова се неколки фактори кои допринесуваат јајцата на кокошките да имаат портокалова жолчка: ксантофили, месо и омега-3 масни киселини.
Ксантофилите се дел од каротеноидните пигменти. Каротеноидите се природни растителни пигменти кои можат да се најдат во многу овошја и зеленчуци. Често се мисли дека бета-каротените се одговорни за пигментирањето на жолчката со портокалова боја, но всушност тие повеќе допринесуваат за жолчката во нутритивна смисла на зборот.
Каротеноидите предизвикуваат подлабоко „боење“ на жолчката, поточно ксантофилите (еден од нив е лутеинот и неговата поголема застапеност дава потемна портокалова боја). Ксантофилите можат да се најдат во темно-зелените зелечнуци како што се спанаќот, брокулата, кељот, тиквичките и зелјето. Омега 3-масните киселини се високо концентрирани во семињата од лен и морските алги – кои претставувале многу важни компоненти од исхраната на кокошките од домашната фарма (види ЛИНК).
Кокошките не се вегетаријанци, без разлика што на некои амбалажи на јајца стојат ознаките органско/хранети со житарки/јајца снесени надвор од кафези. Кокошките се сештојади по природа и нивната исхрана вклучува месо, како што се црви, бубачки, скакулци и сѐ она што тие можат да го извлечат од земјата.
И кога сите овие ресурси ќе се вклучат во здравата исхрана на кокошките, хранливите материи одат во нивните јајца и се одразуваат на жолчката. Според Mother Earth News и скорешното истражување спроведено од страна на Државниот универзитет во Пенсилванија, јајцата снесени од кокошки кои се хранат на ваков начин, содржат повеќе витамин А, Д и Е; повеќе бета-каротен и повеќе омега 3-масни киселини.
Кога станува збор за жолчката, нејзината боја ја определува исхраната на кокошката.
Ако кокошката се храни со растенија кои изобилуваат со пигменти на касантофили – тогаш ќе има темно-портокалова боја. Исхраната со пченица или нешто приближно на неа – ќе даде светло-жолта боја; кокошките хранети со пченка ќе снесат јајца со скоро безбојна жолчка.
За крај, пожелно е да обрнете внимание на сето ова. Сепак, кокошките се одгледуваат за да се прехранат луѓето. А што е поважно од здравите и хранливи состојки и продукти?Тука спаѓаат и јајцата. Што се однесува на нив, нивната големина може да варира, бојата на лушпата исто така, а жолчката скоро секогаш е потемна ка

Пронајдете не на следниве мрежи: