Краткиот вид ќе стане глобална здравствена криза

Едно најново истражување тврди дека до 2050 година, половината од светската популација ќе страда од кратковидост. Тоа пак, има импликации за специјалистите за очи насекаде ширум светот.Појавата на миопија, или кратковидност, значително е зголемена ширум светот, и може да резултира со неочекувана јавна здравствена криза, покажува истражувањето.
Да се откријат точните бројки е тешко, но во 2000 година беше измерено дека над 25% од глобалното население страдаа од оваа состојба. Научниците веруваат дека сегашните 2 милијарди што страдаат неа, до 2050 година ќе се издигнат до околу 50%, или над 5 милијарди луѓе.
Иако не се знае со сигурност зошто бројот на кратковидото население расте толку брзо, се знае дека на поголем ризик се изложени децата што поминуваат повеќе време во домот отколку оние што поминуваат повеќе време надвор.
„Некорегирана миопија е главната причина за попречениот вид низ светот“, се вели во истражувањето, и се додава дека економскиот трошок се проценува на над 200 милијарди долари годишно. Зголемената појава на кратковидност го зголемува и ризикот од очни болести, како катаракта, глаукома и други проблеми со рожницата. Ова дополнително ќе го зголеми товарот на системот на здравствена заштита на секоја држава во иднина, а посебно оној во областа со очите.
Тимот научници заклучува дека превенцијата е исто така важна, а најважно е да се поттикнуваат малите деца да поминуваат барем два часа во денот надвор од дома. Околу 90 милиони деца ширум светот имаат проблеми со видот, а кај 90-95% од тој број причината за проблемот е миопијата.Појавата на миопија, или кратковидност, значително е зголемена ширум светот, и може да резултира со неочекувана јавна здравствена криза, покажува и

Пронајдете не на следниве мрежи: