Кучињата ве гледаат во очи додека вршат нужда? – Бараат само ДВЕ РАБОТИ од вас!

Прошетка во парк, душкање на некоја грмушка и следува олеснување. Вашето куче уште еднаш ја изврши својата голема должност на тревникот во близина на вашето место на живеење. Се подготвувате со вреќичка да го соберете резултатот од неговата постапка, а тој/таа ве гледа директно во очи додека ја „завршува работата“.Експертот за однесување на кучињата Маделин Фридман, објаснува дека кучињата гледаат во своите газди бидејќи сакаат пофалба што извршиле нужда таму каде што сте ги научиле дека треба да го направат тоа, надвор од вашиот дом.
По неколку стручни истражувања, било заклучено дека кучињата кон газдите гледаат на ист начин на кој децата од родителите бараат одобрување. Со други зборови, кучињата ги сметаат газдите за свои мајки или татковци.
Додека се кученца, тие се охрабрувани да вршат нужда надвор од куќата. Еднаш кога ќе пораснат, кучињата не ги забораваат пофалбите, па се надеваат дека и понатаму ќе ги охрабрувате или барем ќе им честитате што својот товар го оставиле на тревник, а не на тепихот.
Друга можна причина зошто кучињата гледаат во газдите додека вршат нужда, лежи во фактот дека се ранливи во таа положба. Тренерот на кучиња Ник Џоунс, смета дека кучињата на тој начин всушност бараат од газдата да им го чуваат грбот додека се индиспонирани на овој начин. Со кучињата секогаш е забавно, па кога-тогаш ја враќаат услугата.Експертот за однесување на кучињата Маделин Фридман, објаснува дека кучињата гледаат во своите газди бидејќи сакаат пофалба што извршиле нужда таму

Пронајдете не на следниве мрежи: