Лебот ќе поскапи, Владата мува не ја лази

Откупот на пченица неизвесен, се чека нтервенција од државата. Очекуваните приноси годинава се преполовени во споредба со минатата година, земјоделците незадоволни.Во вакви услови за стабилизирање на пазарот, препорака е да се изврши интервентен откуп на пченицата од страна на Бирото за стоковни резерви, пред стартот на откупот за да бидат заштитени сите страни и да има стабилност на пазарот.

–Битно е да се собере секое зрно, бидејќи ако се зголеми откупот, автоматски интересот за сеидба за следната сезона ќе се зголеми, а со тоа и површините со житни култури. Исто така, предлагаме доколку има потреба да се субвенционира лагерување во постоечките капацитети. На овој начин, цената на пченицата и јачменот по завршувањето на жетвата и сместувањето на количините ќе биде 20 до 30 проценти повеќе. Инаку, вообичаено во вакви случаи на намалено домашно производство не е исклучена можноста да има пораст на цените на финалните производи, изјави Огнен Оровчанец, претседател на Агро-бизнис комората.

Горан Ѓорѓиевски, заменик претседател на Агро бизнис комората, вели дека зголемувањето на цената на пченицата, ќе значи зголемување на цената на брашното, а со тоа и цената на лебот. Досега нема разбирање од новата влада и министерот Љупчо Николовски не се произнесе за овој проблем.
Според официјалните податоци, минатата година од 80.000 хектари насеани со пченица родот тежеше 306.000 тони или 60 проценти повеќе во споредба со претходната жетва 2015 година. Просечениот принос беше 3.800 килограми на хектар.
Зголемувањето на цената на лебот, ќе доведе до намалување на стандардот на граѓаните.
 Во вакви услови за стабилизирање на пазарот, препорака е да се изврши интервентен откуп на пченицата од страна на Бирото за стоковни резерви, пред

Пронајдете не на следниве мрежи: