Летувајте на море само со лична карта во овие земји!

Loading...

Македонија има потпишано билатерални договори со четири држави, во кои македонските државјани освен со патна исправа, може да патуваат и само со важечка лична карта.Се работи за Србија, Албанија, Косово и Црна Гора.
Доколку се одлучите набрзо да патувате надвор од границите на Македонија треба да поседувате доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство.
За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува, но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден.
Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.

loading...