Љубовен неделен хороскоп 09.11.-15.11.2015

Љубовен неделен хороскоп 09.11.-15.11.2015Овен
Имате потреба да проверите дали луѓето ве сфаќаат правилно. Немојте да се зачудите ако саканата личност ви каже дека претерувате. Имајте верба во другите. Кон средината на неделата еден телефонски повик многу ќе ве израдува. Во прашање ќе биде повик за забава.
Бик
Било да сте во врска или пак во потрага по сродна душа оваа недела носи многу позитивни изненадувања. Припадниците на овој знак кои се во врска нека направат план за кратко патување. Некои работи ќе се искристализираат во среда па можни се и проблеми во комуникацијата.
Близнаци
Оваа недела ќе сакате да направите голем чекор на љубовен план. Подготвени сте за промени, но и за отстапки. Во понеделник ќе научите една важна животна лекција. Во вторник ќе треба да бидете дополнително внимателни особено во разговорите.
Рак
Пред вас е недела исполнета со лоша комуникација, тензија и недоразбирања- со еден збор катастрофа. Сепак се што  негативно може да го избегнете со добра тактика. Во вторник може да добиете интересна понуда за состанок- прифатете!
Лав
Ќе имате потреба да им угодувате на сите околу себе во текот на целата недела, па ако сте во врска саканата личност ќе биде воодушевена од вас. Ништо нема да ви биде тешко и за вас оваа недела нема да има граници за вас.

 
Девица
Обидете се да ги исправите работите во текот на оваа недела и самите знаете дека многу погрешивте претходната недела. Од вторник поведете сметка за тоа што го зборувате во присуство на саканата личност- таа веројатно ќе биде многу чувствителна на приговори и критики.
Вага
Иако неделата пред вас е поволна за романтика, можни се мали разочарувања на љубовен план. Со желба да му удоволите на партнерот ќе преминете одредени граници. Вашата потреба да сакате ќе стане малку нападна. Големи очекувања ќе имате во сабота.
Скорпија
Почетокот на неделата ќе биде исклучително возбудлив. Вашата креативна природа ќе ве направи незапирливи и ќе имате голема потреба вашиот партнер да го направите среќен. Ви едноставно ќе сакате и ќе бидете сакани.
Стрелец
Почетокот на неделата ќе биде особено возбудлив, па може да се заморите и лошо да фукнционирате до крајот на неделата. Немојта да очекувате вашите соработници да го разберат тоа. Вие едноставно мора да разграничите што е работа а што е уживање.
Јарец
Вашата способност да преземете водство доаѓа до израз во понеделник. Дури и ако се најдете во необична ситуација, ќе излезете на крај како победник. Среда и четврток се денови кога особено ќе бидете добро расположени за организација на љубовниот живот.
Водолија
Посветете внимание на почетокот на неделата на кого му ги кажувате вашите тајни. Некој во вашата околина ви завидува и има скриени намери. Држете се само до проверените пријатели. Работите ќе станат опуштени кон средината на неделата. Уживајте во прекрасните моменти со саканата личност.
Риби
Кој не ризикува не добива затоа на почетокот на неделата соберете храброст да дејствувате. Ако тоа не го направите подоцна ќе зажалите. Иако работите ќе се одвиваат онака како што сакате на почетокот подоцна ќе сфатите дека погрешивте. Овен
Имате потреба да проверите дали луѓето ве сфаќаат правилно. Немојте да се зачудите ако саканата личност ви каже дека претерувате. Имај

Пронајдете не на следниве мрежи: