Македонски иноватори: направен скутер на електричен погон за само 30 евра

Васко Ацковски е македонски иноватор, сѐ уште студент на Електро- техничкиот факултет во Скопје, кој на меѓународната конференција за електромобилност во Македонија го претстави уникатниот скутер на електричен погон, првпат изработен во нашата држава. Скутерот предизвика големо интересирање на конференцијата, која се одржа на Институтот за моторни возила и за хомологација на Машинскиотфакултет во Скопје. Сите прашуваа колку чини, колку се заштедува, каде може да се купи…
Битолчанецот Ацковски ја раскажа за „Република“ приказната како е создаден скутерот. Уникатниот модел е создаден исклучително со шрафцигери и со клучеви, во домашната гаража. Објасни дека скутерот е асинхрон трофазен мотор со инвертор, кој еднонасочната електрична енергија ја претвора во трофазна. Предноста на скутерот е што нема четкички и магнети и е траен мотор, кај кого единствено што може да се расипе се тркалачките лежишта. Скутерот има 10 киловати – 120 волти и 100 ампери електрична енергија и достигнува брзина од пет километри на час, а со едно полнење може да се поминат дваесетина километри.
– Скутерот е направен во домашната гаража. Јас и Борче Трајковски почнавме со кинеско скутерче, буквално, од играчка за деца, го преправиме да биде корисен скутер со кој можеш нормално да се возиш низ град и да бркаш работа. Ова што го гледате е вториот скутер што го направивме. Првото скутерче беше прилично ефикасно. Возеше  одлично, за пет денари поминуваше 40 километри и одеше 40 километри на час. Тоа, буквално, беше конверзија на играчка во нешто корисно. Тоа беше кинески мотор со еднонасочни мотори, кои имаат четкички и магнети, а со тек на време четкичките се трошат, магнетите се демагнетизираат од жештината. И малку по малку, за две години, се распадна. Не беше трајно – ја почнува Ацковски приказната за скутерот.
По искуството со првиот скутер, подоцна со Трајковски посакале да направат скутер што ќе нема такви проблеми со четкички и со магнети.
– Единствено нешто што беше од таков тип е моторот што е сега во овој скутер – тоа е трофазен асинхрон мотор, кој нема четкички и нема магнет. Буквално, сѐ е магнетизам и намотки. Малку е понеефикасен од моторите што моментно ги ставаат на електричните автомобили. Ако нивната ефикасност е 97 проценти, овој е 90 проценти ефикасен. Моторот на овој скутер е траен и никогаш нема да се расипе. Затоа е уникатен и ако побарате на „Јутуб“ конверзии на такви скутери, тешко дека ќе најдете ваков скутер. Прво, контролата на ваков мотор е многу тешка, и по тоа сме уникатни и единствени затоа што конверзијата на еднонасочна електрична енергија во трофазна и контрола на брзина на забрзување и намалување на забрзување на нагорнина, надолнина, оптоварување на мотор се малку зафркната работа и добро е што успеавме да го постигнеме тоа на овој скутер.Токму тоа нѐ прави уникатни – го објаснува Ацковски скутерот што го направил во домашната гаража. Моторот што го има овој скутер е прилично силен и тој на максимално оптоварување достигнува и до десет киловати електрична сила,која е и малку посилна од обичните киловати на автомобилите.- За жал, моравме да правиме конверзија од обичен скутер-бензинец во скутер на електричен погон. Електричните возила мора да бидат лесни за да бидат ефикасни. Овој, кинескиот скутер е малку тежок и поради тоа губи на ефикасност. Од финансиски причини не можевме да си дозволиме да купиме литиумски батерии. Купивме оловни батерии, кои се тешки и имаат двојно помал капацитет од литиумските.Во оваа состојба, дострелот му е 15-20 километри со едно полнење, а ако се замени со литиумски, тогаш сигурно би било преку 50 километри со едно полнење. Достигнува брзина од околу 50 километри на час, може да биде и повеќе, но ние ја ограничуваме брзината за да немаме проблеми – вели битолчанецот.Тој лично, досега, со овој скутер има поминато околу 2.000 километри. Ова е уникатен модел. Признава дека не го вози премногу често, но доволно за да заврши работа.Во време кога возилата на електричен погон во Македонија сѐ уште се реткост, нивната употреба во развиените земји постојано расте. Предноста на овие автомобили е малата потрошувачка, која е дури десетпати помала отколку кај другите возила. Стручњаците велат дека за да се зголеми употребата на ваквите возила е неопходно да се развие мрежа со полначи за да се полнат батериите на автомобилите.

Ацковски и Трајковски сѐ уште не нашле инвеститори за скутерот што го изумиле.- За жал, баравме инвеститори и сега засега кај нас ситуацијата е малку лоша. Се чини дека ќе чекаме странци да инвестираат. Слаби сме со контакти. Многу би сакале да работиме тука, со наш инвеститор, кој би вложил во оваа работа. Имаме потенцијал да направиме одличен скутер, само ни требаат средства и услови за работа. Ова е направено во мојата гаража во која освен клучеви и шрафцигери нема никаков друг алат – вели Ацковски.Тој признава дека кога би почнувал од нула, односно кога би правел нов скутер, би сменил многу други работи. Прво и основно, тежината – би користел литиумски батерии и подобра електроника.- Целата електроника и сѐ што вложивме во овој скутер чини 30 евра. Во оваа цена не се вклучени батериите и моторот. Тие се скапи. Во цената од 30 евра е вклучена електрониката, целата контрола на моторот и сензорите, модулација на сигнали, електрониката. Во овој скутер има вградено микропроцесор што чини три евра. Тој е наједноставниот микропроцесор. Моментно, на пазарот има микро-процесори за контрола за трофазни мотори и кои се многу поедноставни и поефикасни. Со таков микропроцесор работата би била намалена за десетпати. Во овој скутер се користени најевтини делчиња. Цела работа е како да се склопи тоа, да се испрограмира, да се преземат сите информации и да се проследат до моторот – објаснува Ацковски.
На првиот скутер што го направиле со Трајковски му направиле и буквално тестирање.- За пет денари поминуваме 40 километри. Овој скутер е понеефикасен бидејќи е конверзија и има тешки оловни батерии и електроника што е купена во Македонија, од продавница. Сигурно барем петпати е поевтино да се возиш со овој скутер отколку со обичен скутер – пресметал Ацковски.За овој скутер да биде поефикасен пожелно е да има литиумски батерии. Тие се полнат два часа. Два часа полнење е доволно за овој скутер да се вози цел ден.- Сѐ уште немаме направено студија за тоа колку би чинел ваков скутер, ама со оглед на тоа дека литиумските батерии може да траат од пет до седум години, секојдневно може да се полнат и да се празнат, цената на батериите што ќе се плати однапред, според трошоците што ќе ги имате за пет години ако трошите гориво, е десетпати пониска од сегашната. Моментно е пониска десетпати, а во иднина, се надевам, уште повеќе. Значи електромобилите се најисплатлив начинна превоз – заклучува Ацковски.„Електромобилност Македонија“ има за цел да иницира интерес во Македонија за електричните возила преку разни форми на дејствување, промовирање на новите трендови во урбаниот транспорт со електрични возила, одржлив транспорт во Македонија и издигање на совесноста за новите технологии. Во Словенија има 50 станици за полнење околу 100 електрични автомобили, а во соседна Бугарија има педесетина вакви автомобили.
Извор: republika.mkВаско Ацковски е македонски иноватор, сѐ уште студент на Електро- техничкиот факултет во Скопје, кој на меѓународ

Пронајдете не на следниве мрежи: