Ме ЗАБРЕМЕНИ и само десет дена потоа…

И вам сигурно ви  се случило. Знаете, онаа прва детска љубов? Прв  бакнеж, прв секс… Но  се надевам дека вашата приказна има малку подобар  крај од мојот…Бевме деца. Но и  децата се вљубуваат, па полудуваат. Бевме млади. Баш млади. Јас 14, тој 16. Вљубени како  луди.
Моето дете денес ги има тие мои  години и  гледам така расеано, па се прашувам- ма зарем е можно во  тие години  да сум имала сериозна врска? Како  ли им изгледало тоа на моите родители  и како  го преживувале тоа?
И сега кога ќе помислам на тоа, и имале за што да се грижат. Бев луда од љубов. Подготвена на се, ни  училиштето не морав да го завршам- веднаш би  се омажила, би  му  родила деца, би  била со  него  до крајот на животот, беше мојот Аполон. А беше, ма го знаев тоа и тогаш, само бев вљубена па не забележував, вистинска „битанга“. Нашата песна беше „Битанга и принцеза“, и  навистина тоа не оди…
Се сакавме како  што  само  може да се сака за прв пат. А нам и двајцата се ни  беше прв пат. Почна идилично, со држење за рака, испраќање до дома, срамежливи бакнежи. Годините минуваа, растевме заедно. Одевме на училиште, се дружевме, учевме…. Поточно, јас учев. Тој, како  што  кажав беше битанга. Но љубовта стануваше се по сериозна. Предизвиците  беа пред нас…

Кога си  тинејџер не можеш да гледаш само  едно  момче, само  една девојка. Тоа не е природно.
Почна и  љубомората. Почнаа расправиите, раскинувањата. Тој  со  една, уф како  само  ја презирав, баш беше слатка таа Ивона, а јас веднаш со друг.  Макар  само да се прошетам, да ме види. Се натпреварувавме кој  кого повеќе ќе повреди. Но повторно и  повторно, и  секогаш се смирувавме во солзи,  заколнување на вечна љубов и  се што оди  со  тоа…
Не дека тие другите не биле повеќе за мене, но џабе. Мислам дека во еден момент после 3 години интензивно смирување и раскинување, веќе не знаев и  дали навистина го  сакам толку многу. Гордоста ми  стана многу поважна од  љубовта. Не сакав да  бидам оставена!

 
Ако некој  треба некого да остави  во таа луда врска, тогаш тоа сум јас! Па, на крај, не е достоен за мене- толку фини момци копнееа да бидат  со  мене, а јас се закачив за тој  кој ме изневерува на секој чекор со било какви  девојки. Не му  останував должна. Имавме и подолги прекини, па имаше едно момче со  кое личеше дека може да стане сериозно… Е, тоа сериозно го плашеше! Можноста дека еднаш сепак нема да се вратам! Бев на чекор.. Но  се вратив, попат расипувајќи  го  секој  промил шанса  некогаш  да бидам со  тоа фино момче кое ме сакаше.
После таа страшна епизода мислев дека ставивме точка  на сите глупости и  дека впловивме во нешто посериозно. Впрочем веќе и  не бевме деца.
 Почна да работи, јас се запишав на Висока школа, се водеше кон тоа  дека за некоја година ќе се венчаме.
 Тој балансираше помеѓу нашата љубов и префрлувањата од друштвото  дека станал папучар. Победи  Балканецот во  него. Почна со кратки разидувања, па со лаги, па  пријателките редовно ми  јавуваа каде го виделе и  со  кого…
Секогаш имаше некоја девојка. Осветничката во мене се разбуди и  чекаше вистинска можност. Дојде многу брзо во  вид на неговиот најдобар  пријател. Направив карамбол. Истото она балканско друштво, кое го  зафркаваше дека се затворил дома поради мене  сега го  разнесуваше  бидејќи добил рогови. Не ме штедеа ниту мене.
Јас останав со неговиот најдобар  пријател, но таа врска не можеше да успее. Се мачевме и  двајцата. Во меѓувреме, моето  прво  момче се  отсели од градот, но  после некое време почна да  доаѓа. Почнавме да се гледаме прво  во  градот, излегувавме на исти  места,  се гледавме како  првиот пат…
Малку по  малку, и повторно се гледавме. Изгледаше  како  да си  простивме еден на друг и дека сме подготвени да почнеме од почеток.

И почнавме. Овој  пат  навистина решени да истраеме и  да бидеме заедно. Бев среќна како  никогаш, не ми  беше гајле што  мислеа луѓето… Но  него  сепак му беше бидејќи  го посрамив пред сите. Не сакаше никому  да му  каже дека повторно  сме заедно. И  така повторно, малку по малку, по кој  знае кој  пат мојот живот се претвори  во  агонија. Бев бесна на себе!
Решив да ставам точка на сето тоа и  му  кажав дека е крај. Се согласи со  тоа, а јас… полудев! Очекував дека нема да дозволи да си  заминам. И  така тоа се развлекуваше, тоа наше раскинување. Не можев да го оставам на мира. Се беше дел од тој пеколен план, сфатив. Почувствував дека на крај сепак ќе бидам негова. И така и  се случи.
 За само  недела дена дознав дека сум бремена,  го  видов со  новата девојка, слушнав дека се вериле. Му  кажав дека сум бремена. Не сметав на неговата помош, само сакав да знае, сепак можеби некогаш ќе го заболи тоа што  го  сторил…
Додека  чекав сама на абортус во таа ординација со  сини ѕидови, само  си  повторував во  себе: Будала девојко, зарем ти  требаше ова за да сфатиш дека вие навистина не сте пар? Изгледа ДА.Бевме деца. Но и  децата се вљубуваат, па полудуваат. Бевме млади. Баш млади. Јас 14, тој 16. Вљубени како  луди.
Моето дете дене

Пронајдете не на следниве мрежи: