Миленков објаснува кои се законските права и обврски на политичарите во предизборниот период

Во интервјуто за Сител, Претседателот на антикорупциската комисија Горан Миленков објаснува кои за законските права и обврски на политичарите во овој турбулентен, предизборен и изборен период кој следува.Миленков објаснува дека основна функција на Државната антикорупциска комисија е да ги проверува анкетните листови на сите избрани и именувани функционери.
 – Законска обврска е на комисијата да го испитува имотот на функционерите и дали има судир на интереси. Онаму каде имаме информација, дојава или јавна објава за голема разлика во имотот пред и по назначувањето на функционерот, отвораме постапка и во соработка со финансиското разузнавање, УЈП, обвинителството и судот, ги процесуираме случаите на натамошна процедура, вели Миленков за Сител, одговарајќи на новинарско прашање дали има постапки за политичари.
– Имаме постапки и за локални и државни политичари, вели Миленков, особено за оние за кои постојат информации дека имаат непријавен имот во земјата и странство, со голема вредност. Испитуваме на кој начин се стекнале со тој имот, вели Миленков.
На прашањето колку градоначалници се опфатени со оваа истрага, и дали се испитува начинот како градоначалникот на Струмица Зоран Заев го стекнал имотот, Миленков потврди дека под лупа е имотот на тројца градоначалници.
– Ние работиме за сите функционери и можам да потврдам дека за тројца сме во постапка со УЈП, од вкупно 19 предмети за сомневања за корупција кај локални функционери- изјави Миленков.

Тој напомена дека решени се десетици предмети на судир на интереси во Советите на неколку општини, но дека законот важи за сите, вклучително и за пратеници и за министри.
– Специјалното јавно обвинителство е релативно нова институција, но тоа се именувани обвинители и како такви, ние законски сме обврзани да ја следиме нивната имотна состојба на дневно ниво. Имаме оперативно одделение кое ја следи имотната состојба на дневно ниво- изјави Миленков запрашан дали се испитува потеклото и начинот на кој специјалната обвинителка Катица Јанева купила два стана во Скопје. Весникот Вечер, повикувајќи се на нејзините анкетни листови доставени до ДКСК, објави дека по изборот, таа купила два огромни стана во Скопје со кредити земени на име на нејзиниот сопруг, кој е починат пред околу 2 години. Медиумите објавија и дека таа дополнително барала да и се додели државен стан на користење во Скопје.
Во интервјуто за Сител, Миленков објаснува дека Владата во овој период мора да продолжи да работи согласно законските прописи и да ги заврши започнатите проекти или дејствија кои се претходно започнати, но дека не може сега да почнува нови.
– ДКСК, врз основа на своите законски надлежности во обезбедување на законитост на изборниот процес и на текот на изборната кампања, утврди оперативен план за своето дејствување во целиот изборен период и со ваквиот режим на работа ДКСК се раководи од начелото на ненанесување штета на било кој субјект и притоа смета дека не треба да се попречи економскиот развој на државата, изјави Миленков.
Во законската регулатива не постои терминот техничка или било каква влада, постои само влада и се додека не се донесе одлука за распишување на избори владата си работи нормално. Државата мора да функционира, инстициите мора да работат, ние не можеме сега да ги запреме институциите да си ги извршуваат нивните работи, согласно обврските што ги презеле. Согласно досегашната воведена практика, а имајќи ги предвид претходните мислења на ДКСК, по донесување на Одлуката за распуштање на Собранието на РМ, до ДКСК од страна на Генералниот секретаријат на Владата е доставено писмено барање на мислење со кое се бара концизно мислење во форма на писмен одговор по однос на прашања за постапување кое тангира два периоди и тоа: за време на мандатот на составот на преодната влада за спроведување на избори на пратеници, како и за време на периодот од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на владата на Република Македонија. Државната комисија за спречување на корупцијата на седница на Комисијата донесе одговори за постапување за двата периоди, односно по однос на прашањата за постапување за време на мандатот на составот на преодната влада за спроведување на избори на пратеници, како и за време на периодот од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на владата на Република Македонија донесе МИСЛЕЊЕ кое се однесува на органите на државната управа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, јавните установи, независните регулаторни тела основани од државата, трговските друштва основани од државата и други институции основани од државата и другите државни органи. ДКСК постапува согласно законските надлежности и се раководи исклучиво согласно законските одредби кои произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата, Законот за спречување судир на интереси и Изборниот законик, кои не познаваат ваква или онаква влада, постои само влада. Со цел доследна примена на законските одредби што се однесуваат на изборите и превентивното дејствување за спречување на корупцијата во овој политички и демократски процес ДКСК укажува на обврските кои произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата, член 11 став 2, според кој од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршувањето на изборот за пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, не може да започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти, или на објекти за општествени дејности – училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година. Согласно Изборниот законик, во случај на поднесен приговор за непочитување на одредбата од членовите 8-а и член 8-б од овој Законик, Државната комисија за спречување на корупција е должна на јавна седница да ги испита наводите и да постапи по поднесениот приговор во рок не подолг од пет дена од денот на поднесувањето на приговорот. Државната комисија за спречување на корупцијата одлучува по приговорите на јавна седница и своите одлуки во рок од 24 часа ги објавува на својата веб страница. На седницата може да присуствува и подносителот на приговорот. Против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на одлуката. ДКСК врз основа на своите законски надлежности во обезбедување на законитост на изборниот процес и на текот на изборната кампања, утврди оперативен план за своето дејствување во целиот изборен период и со ваквиот режим на работа ДКСК се раководи од начелото на ненанесување штета на било кој субјект и притоа смета дека не треба да се попречи економскиот развој на државата. ДКСК е избрана од Собранието на РМ, каде што на пратениците мандат им дале граѓаните на избори, па од овде произлегува дека како членови на ДКСК индиректно сме избрани од самите граѓани. Токму затоа и називот на оваа институција е Државна комисија, која работи за државата. ДКСК не може да ја кочи државата и не може да им прави штета на граѓаните. Не смее да се кочи економскиот раст и развој на државата. Ние не можеме да спречиме изградба на инфраструктурен проект како што се патишта, водоводи.. тоа е веќе нанесување на штета, изјави Миленков во интервјуто за Сител.Миленков објаснува дека основна функција на Државната антикорупциска комисија е да ги проверува анкетните листови на сите избрани и именувани функц

Пронајдете не на следниве мрежи: