Момчето сакаше да прати писмо до Марс, а тие му рекоа дека..

Британскaтa пошта се обрати за помош до Американската вселенска агенција (НАСА), откако добила порака од петгодишното момче Оливер Гедингс кој сакал да знае колку би можело да го чини за да испрати писмо до Марс.
 
 Британскaтa пошта се обрати за помош до Американската вселенска агенција (НАСА), откако добила порака од петгодишното момче Оливер Гедингс кој сакал да знае колку би можело да го чини за да испрати писмо до Марс.
Оливер веројатно нема да биде во можност да испрати писмо во вселената преку астрономската цена од 11,602.25 фунти ($ 18,000), бидејќи, според пресметките на НАСА, толку чини една таква пратка. Повеќето деца, сепак, немаат толку пари во свинчето банка.
Во својот одговор, момчето кое сонува да стане астронаут, Ројал мејл објаснува детално за тоа како се пресметува цената.
„Горивото е многу скапо и влијае на цената на испраќање на писма од целиот свет”, напиша Ендрју Смаут, задолжен за односи со јавноста.

 
„НАСА, исто така, изјави дека нејзината последна посета на Црвената планета, со помош на мисијата на роверот „Curiosity“ чини околу 700 милиони долари”, рече тој, додавајќи дека самото летало е многу мало и дека нема многу простор за дополнителен багаж.
Тој истакна дека, со оглед на погоре наведеното, испраќањето предмети со тежина до 100 грама на Марс чини околу $ 18,000. 
Смаут, исто така, напиша дека на пликот мора да бидат залепени од 16,416 најскапите марки.
Малиот Оливер, кој живее во Литам Сент Ен, во северозападна Англија, во писмена форма, им се заблагодари на Ројал мејл на деталниот одговор.
„Многу е скапо да се испрати писмо до Марс. Ми требаат повеќе марки!”, заклучи момчето.Британскaтa пошта се обрати за помош до Американската вселенска агенција (НАСА), откако добила порака од петгодишното момче Оливер Гедингс кој сака

Пронајдете не на следниве мрежи: